(ВИДЕО) „Ај кју“ со модерна песна ќе нè претстават на Евровизија


Групата „Ај-Кју“ („Еye Cue“) ќе ја претставува Македонија на Евровизија 2018 во мај, во Лисабон, Португалија. Тие ќе настапат со песната „Lost and found“ на авторот на музика и текст Бојан Трајковски и во аранжман на продуцентот Дарко Димитров. Песната и видеоспотот вечерва ексклузивно беа промовирани во Дневникот 2 на Македонската радио телевизија, а може …

(ВИДЕО) „Ај кју“ со модерна песна ќе нè претстават на Евровизија Read More »

СДСМ: Мицкоски продолжува да ги води политиките на Груевски


СДСМ вели дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ продолжува политиките на поранешниот лидер Никола Груевски и наместо тоа сегашниот претседател на пртијата Христијан Мицкоски треба да ги напушти политките на поделби и омраза. „ВМРО-ДПМНЕ продолжува со лажниот патриотизам. Блокирајќи го Законот што тие го прифатија во надеж дека ќе формираат Влада, впрочем ги блокираат реформите со што го …

СДСМ: Мицкоски продолжува да ги води политиките на Груевски Read More »

Новинарите утре на протест: Против заканите на Бекир Асани и поддршка за Насер Селмани


Македонските новинари утре во 11 часот ќе се соберат пред Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) од кадешто ќе се упатат на протест пред Владата. Ваквиот потег произлегува по упатените заканите од страна на функционерот на ДУИ, Бекир Асани кон претседателот на ЗНМ, Насер Селмани. „Од Владата ќе побараме на дело да покаже дека се …

Новинарите утре на протест: Против заканите на Бекир Асани и поддршка за Насер Селмани Read More »

Причина за превртување на камионот е пукната гума


Се расчистува автопатот Скопје-Гевгелија кај Стоби, откако денеска попладне камион се преврте поради пукната гума и зафати по две ленти во двата правца, па сообраќајот се одвива по една лента и кон Скопје и кон Гевгелија. Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес, за МИА информира дека интензивно се работи на терен и во најскоро време …

Причина за превртување на камионот е пукната гума Read More »

Каталонија: Одложен изборот за претседател на владата


Претседателот на каталонскиот Парламент Роџер Торент ја одложи на неодредено седницата закажана за утре на која Жорди Санчез требаше да биде избран за претседател на регионалната влада. Торент ја донел одлуката откако во петокот шпанскиот истражен судија одби да го пушти од притвор 53-годишниот Санчез, обвинет за бунт против Шпанија, непослушност и учество во организирањето …

Каталонија: Одложен изборот за претседател на владата Read More »

Повеќе од 10 лица загинаа во авион што се урна во Иран


Единаесет лица загинаа откако турски авион денеска се урна во југозападниот дел на Иран, јавија иранските медиуми. Портпарол на цивилните воздухопловни власти на Иран потврди дека станува збор за турски приватен авион и за 11 загинати. – Можеме да потврдиме дека турски приватен авион при пролетување на нашиот воздушен простор исчезна од радарот и се …

Повеќе од 10 лица загинаа во авион што се урна во Иран Read More »

Евровизиската песна на „Ај Кју“ ќе биде промовирана вечерва на МРТ


Евровизиската песна „Lost and found“ со која „Ај Кју“ ќе ја претстави Македонија на 63. издание на Евровизија, кое годинава се одржува од 8 до 12 мај во Лисабон, Португалија, првпат премиерно ќе биде прикажана вечерна на Македонската радио телевизија. Во интервју за „Независен весник“,шефот на прес-службата на македонската евровизиска делегација Александра Јовановска рече дека …

Евровизиската песна на „Ај Кју“ ќе биде промовирана вечерва на МРТ Read More »

Турски приватен авион се урна во Иран


Турски авион денеска се урна во југозападниот дел на Иран, јави иранската државна телевизија. Како што е наведено, авионот летал од Шардж во Обединетите Арапски Емирати до Истанбул. Иранската агенција Тасним јави дека станува збор за приватен авион.

Синдикатот на затворската полиција протестираше за подобри права


Независниот синдикат на полицијата (НСП) денеска организираше протестен марш во Скопје преку кој беше побарано подобрување на правата на затворската полиција и администрацијата во затворите, преку зголемување на вредноста на бодот и нови вработувања. Маршот почна пред зградата на МРТ и продолжи покрај Владата и Министерството за финансии. За надминување на проблемите, како што беше …

Синдикатот на затворската полиција протестираше за подобри права Read More »

Македонски државјани пазарувале во Призрен со лажни евра


Полицијата во косовскиот град Призрен привела двајца македонски и еден српски државјанин кои пазарувале со фалсификувани евра. – Уапсени се двајца македонски државјани, еден од албанска, а другиот од бошњачка националност и српски државјанин, од српска националност, под сомнение дека пазарувале во неколку дуќани во Призрен со банкноти од по 200 евра, за кои се …

Македонски државјани пазарувале во Призрен со лажни евра Read More »

Цела седмица Груевски во судница


На поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, од утре до петок, ќе му се суди во континутет за неколку кривични предмети по кои постапува Специјалното јавно обвинителство, јавува правосудство.мк Тој утре треба да се најде на обвинителна клупа за случајот  „Тенк“, односно за набавката на службениот „мерцедес“ вреден 600.000 евра. На судењето, кое …

Цела седмица Груевски во судница Read More »

Путин: Крим никогаш нема да ѝ припаѓа на Украина


Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Крим под никакви околности не може да се врати во Украина. – За што зборувате? Такви околности не постојат и никогаш нема да постојат, рече Путин во одговор на прашањето дали некогаш може да се создадат такви околности. Прашањето е поставено во интервју за филмот „Путин“ на Андреја Кондрашова, …

Путин: Крим никогаш нема да ѝ припаѓа на Украина Read More »

(ВИДЕО) Спречен терористички напад во Русија, напаѓачите се убиени


Федералната служба за безбедност денеска соопшти дека спречила терористички напад во регионот Саратов и дека лицата кои го подготвувале нападот се убиени. – Терористичкиот напад го подготвуваше терористичка група која дејствувала во тајност, се наведува во соопштението. Федералната служба посочува дека криминалците, од автомобил во движење, пукале кон безбедносните сили и притоа, во вооружениот судир, …

(ВИДЕО) Спречен терористички напад во Русија, напаѓачите се убиени Read More »

Се преврти камион кај Стоби, блокиран автопатот Скопје-Гевгелија


Камион се преврти на автопатот Скопје -Гевгелија кај Стоби, при што зафати по две ленти во двата правца, па сообраќајот се одвива по една лента и кон Скопје, и кон Гевгелија. Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес,  информира дека неготинска полициска екипа е на терен и во тек е увидот на местото на настанот. Од …

Се преврти камион кај Стоби, блокиран автопатот Скопје-Гевгелија Read More »

На вработените во „Еурокомпозит“ им е исплатен надомест од по 22.000 денари


 Министерството за внатрешни работи изврши авансна исплата, а Министерството за финансии преку трезорската сметка ги префрли парите на „11 Октомври-Еурокомпозит“ а.д. Прилеп, со што е исплатен  надомест од 22.000 денари за секој вработен. Како што информира владината прес-служба, одлуката на Владата донесена на 57-та седница за надминување на состојбите и наследените проблеми во „Еурокомпозит“ се реализира. …

На вработените во „Еурокомпозит“ им е исплатен надомест од по 22.000 денари Read More »

Парламентарни избори во Куба


Повеќе од осум милиони Кубанци денеска избираат 605 членови на Националното собрание. Во изборниот процес има толку кандидати колку што има места во Парламентот. Од нив, 548 се членови на Кубанската комунистичка партија, а останатите се одобрени од неа. На денешните парламентарни избори Кубанците ќе изберат и 1.265 делегати во 15 провинциски собранија. Првата седница …

Парламентарни избори во Куба Read More »

Работа од соништата: Во Дубровник се нуди плата од 1.500 евра и сопствен стан


Здравствениот дом во Дубровник, Хрватска објави јавен повик кој привлече големо внимание кај јавноста. Се однесува на работно место кое нуди навистина привлечни услови. Имено, се бара педијатар на неодредено време, а примањата ќе бидат во висина од 12 илјади куни или 1.500 евра личен доход. Оној кој ќе го добие работното место ќе биде обезбеден стан, …

Работа од соништата: Во Дубровник се нуди плата од 1.500 евра и сопствен стан Read More »

Експлозивна направа фрлена во двор од куќа во Ѓорче Петров


Непознат сторител ноќеска 40 минути по полноќ фрлил експлозивна направа во двор од куќа во скопската населба Ѓорче Петров, во сопственост на 43-годишниот Д.С. МВР соопшти дека нема повредени, но од експлозијата е предизвикано оштетување на куќата и на две патнички возила – „мерцедес“ и „шкода фабија“ кои биле паркирани во дворот. Според полицијата, најверојатно …

Експлозивна направа фрлена во двор од куќа во Ѓорче Петров Read More »

Се отстранува постаментот од споменикот на Ќосето


Град Скопје денеска го отстранува постаментот  на кој до неодамна стоеше споменикот на Андон Лазов Јанев – Ќосето , a кој беше отстранет ноќта меѓу 21-ви и 22 февруари и однесен во магацините на Металскиот завод-Тито. На официјалната страница на Град Скопје на социјалната мрежа Фејсбук се објавени фотографии од отсранувањето. Споменикот на Ќосето пред Судска палата стоеше …

Се отстранува постаментот од споменикот на Ќосето Read More »

Лишени од слобода девет девојки кои биле затекнати во локал во Слупчане


Во акциска контрола во угостителски објект во село Слупчане во општина Липково затекнати се девет женски лица – три од Македонија и шест девојки од Албанија и Косово, кои се лишени од слобода. Министерство за внатрешни работи соопшти дека контролата ноќеска по полноќ во 00.25 часот ја извршиле Секторот за внатрешни работи-Куманово, крим-полицијата при МВР, …

Лишени од слобода девет девојки кои биле затекнати во локал во Слупчане Read More »