Се отстранува постаментот од споменикот на Ќосето


Град Скопје денеска го отстранува постаментот  на кој до неодамна стоеше споменикот на Андон Лазов Јанев – Ќосето , a кој беше отстранет ноќта меѓу 21-ви и 22 февруари и однесен во магацините на Металскиот завод-Тито.

На официјалната страница на Град Скопје на социјалната мрежа Фејсбук се објавени фотографии од отсранувањето.

Споменикот на Ќосето пред Судска палата стоеше од септември 2014 година како донација од Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин.

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов минатиот месец најави дека на местото на споменикот ќе се засади дрво гинко.