Причина за превртување на камионот е пукната гума


Се расчистува автопатот Скопје-Гевгелија кај Стоби, откако денеска попладне камион се преврте поради пукната гума и зафати по две ленти во двата правца, па сообраќајот се одвива по една лента и кон Скопје и кон Гевгелија.

Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес, за МИА информира дека интензивно се работи на терен и во најскоро време сообраќајот ќе биде нормализиран.

Како што информираа претходно од камионот се превртел оти му пукнала гума, а возачот бил со лесни повреди.