Хоџа: Ако Косово не ја реши границата со Црна Гора, нема да има визна либерализација


Доколку договорот за демаркација на границата со Црна Гора не биде ратификуван овие денови, визната либерализација на Косово нема да се случи пред 2020 година.

Ова јасно го посочува министерката за европска интеграција на Косово Дурата Хоџа за приштинскиот весник „Газета експрес“, нагласуваќи дека роковите се поврзани со агендата на институциите со Брисел.

Хоџа посочува дека патот на Косовците кон либерализацијата е во рацете на пратениците, кои, според неа, сега веќе јасно може да ја видат суштината на „започната кауза за политичка одмазда и инаетење“.

-Време е да се направи разлика помеѓу доброто и помалку доброто, за земјата и граѓаните. Верувам во гласот на секој пратеник. Сметам дека со секој изгубен час за ратификација на демаркацијата, губат сите граѓани на Косово. Доцниме три години. Граѓаните беа информирани за деталите кои за три години не беа отстранети од политичката агенда на власта и опозицијата, експертите, со ексклузивни толкувања, дури и неприфатливи за едните или другите, околу ова прашање. Сега сме таму каде што сме, смета министерката.

Косовскиот парламент имаше три неуспешни обиди во изминатите недели, поради недостигот на потребниот број гласови, односно 80 од вкупно 120 пратенци. Министерката Хоџа силно верува дека неделава која е пред нас ќе се се превземе потребниот чекор на патот на Косово,неговата ориентација и националниот интерес.

– Граѓаните на Косово мора да ја знаат вистината за условувањето со визната либерализација. Основниот услов е ратификацијата на демаркацијата. Во 2012 година, Косово прифати 94 критериуми во рамките на патоказот за визна либерализација. Европската комисија во предлогот за визна либерализација во мај 2016 година побара ратификација на договорот за демаркација со Црна Гора и зајакнување на борбата против организираниот криминал и корупцијата,- додаде таа меѓу другото и потсетува дека дебатата за демаркацијата трае веќе три години.

Според неа критерумот за борба протв корупцијта и организраниот криминал е исполнет иако, смета таа, борбата против оваа појава треба да продолжи.