Вес Мичел во вторник пристигнува во Скопје


Американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија Вес Мичел во вторник пристигнува во посета на Скопје, потврдија за МИА владини извори.

Мичел за време на посетата ќе се сретне со премиерот Зоран Заев, а како што потврдија од МНР и со шефот на македонската димпломатија Никола Димитров.

Тој на функцијата помошник државен секретар за Европа и Евроазија дојде на местото на Викторија Нуланд.

Српскиот весник „Новости“ претходно објави дека САД подготвиле пакет предлози за односите на Србија и Косово, кој ќе биде претставен при посетата на Мичел на регионот.