Поповски за враќањето на рамниот данок: Вакви мерки преземаат крајно десничарски влади


Универзитетскиот професор Никола Поповски, поранешен висок функционер на СДСМ, го оценува како погрешен потегот на владата за „замрзнување“ на прогресивниот данок. Тој вели дека такви мерки преземаат крајно десничарски влади, иако кабинетот на „Илинденска“, како што оценува, во овој случај беше под притисок на само мала група луѓе на чиј товар беше оданочувањето. Поповски вели …

Поповски за враќањето на рамниот данок: Вакви мерки преземаат крајно десничарски влади Read More »

Идеолошки престап на „Бихаќска“


АЛЕКСАНДРА М. МИТЕВСКА „Иницијативата за воведување прогресивен данок е исклучително добра, фер и праведна и ќе гарантира фер и праведно општество за сите, бидејќи парите од побогатите ќе се вратат кај најсиромашните и најзагрозените.“ Вака зборуваше премиерот Зоран Заев ова време минатата година, кога со тогашниот министер за финансии Драган Тевдовски, со здружени сили, го …

Идеолошки престап на „Бихаќска“ Read More »

Вардар ја прекина мини-серијата од два пораза во Лигата на шампионите


Ракометарите на Вардар се вратија на победите во Лигата на шампионите по двата пораза што ги претрпеа во претходните две кола. Вечерва во СЦ „Јане Сандански“ вардарци беа поуспешни од Мешков Брест со 36:31. За актуелниот европски првак ова беше четврта победа по шест одиграни натпревари во Б-групата од елитното натпреварување. Во ефикасниот меч најдобар …

Вардар ја прекина мини-серијата од два пораза во Лигата на шампионите Read More »

Руската црква го прекинува дијалогот со поглаварот на грчката црква


Руската православна црква објави дека го прекинува екуменскиот дијалог со архиепископот на Атина и цела Грција, Јероним, рече митрополитот Иларион, раководител на Одделот за надворешни црковни односи на Московската патријаршија. Во врска со тоа, како што објасни Иларион, рускиот патријарх Кирил нема да го спомене името на архиепископот на Атина за време на неговата служба. …

Руската црква го прекинува дијалогот со поглаварот на грчката црква Read More »

Бугарија со протестна нота до Франција поради изјава на Макрон


Бугарија денеска испрати протестна нота до Франција во врска со изјавата на претседателот Емануел Макрон за францускиот неделник „Валеус актиел“ во која се споменуваат „бугарски илегални филијали“, соопшти бугарското Министерство за надворешни работи. „Бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, побара од бугарскиот амбасадор во Франција, Ангела Чолаков, да испрати протестна нота до француското Министерство …

Бугарија со протестна нота до Франција поради изјава на Макрон Read More »

Старџен: Независноста на Шкотска е „на дофат“


Шкотската прва министерка, Никола Старџен, пред илјадници приврзаници во Глазгов, побара нов референдум за независност, посочувајќи дека независноста на Шкотска е „на дофат“. – Изборите на 12 декември се најважни за Шкотска во нашата епоха. Иднината на нашата земја е во прашање – рече лидерката на Шкотската национална партија. Таа нагласи дека изгледите за независна …

Старџен: Независноста на Шкотска е „на дофат“ Read More »

Демонстрантите во Хонг Конг упаднаа во кинеската новинска агенција Синхуа


Антивладини демонстранти во Хонг Конг денеска ги нападнаа канцелариите на  официјалната кинеска новинска агенција Синхуа, при што полицијата употреби солзавец и водени топови против демонстрантите. Цел на демонстрантите за првпат во месеци протести беше зградата на кинеската новинска агенција Синхуа во Хонг Конг, каде демонстрантите кршеа врати и прозорци. Тие запалија оган и на ѕидот …

Демонстрантите во Хонг Конг упаднаа во кинеската новинска агенција Синхуа Read More »

Партиските лидери на терен: Заев меѓу младите, Мицкоски кај кумановци


Додека опозицискиот лидер Христијан Мицкоски, во рамки на партиската кампања „Обнова за Македонија“, престојуваше денеска во Куманово, лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев се обрати на трибина на социјалдемократската младина насловена „Иднината на Европа“. -Младите сакаат да бидат дел од демократскиот западен свет, тоа и го правиме преку мерките и политиките што ги спроведуваме. …

Партиските лидери на терен: Заев меѓу младите, Мицкоски кај кумановци Read More »

Мицкоски: Да не се делегитимираат договорот за избори и средбата кај Пендаровски


Важни се договорените датуми – 3 јануари за формирање техничка Влада и 12 април 2020 предвремени за одржување парламентарни избори, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Куманово. Тој апелираше да надвладее мудроста и да не се делегитимира договореното на лидерската средба кај претседателот на државата, инаку не гледа причини зошто повторно би се одржувале …

Мицкоски: Да не се делегитимираат договорот за избори и средбата кај Пендаровски Read More »

ВМРО-ДПМНЕ обвинува за „чистка“ во Шумската полиција


Според Цветан Трипуновски од ИК на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ ги шиканира вработените во Министерството за земјоделство. Над 70 вработени во шумската полиција, како што тврди Трипуновски,  се прераспределени на работни места надвор од нивното место на живеење. -Трајан Димковски,  по налог на Зоран Заев шиканира партиски неистомисленици, симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, но пред се професионалци вработени во …

ВМРО-ДПМНЕ обвинува за „чистка“ во Шумската полиција Read More »

Кулоглу: Дали ЕК ќе преземе итни мерки за задржување на стабилноста во Северна Македонија


Европратеникот од грчката опозициска партија СИРИЗА, Стелиос Кулоглу, достави прашање до Европската комисија во кое бара одговор дали се разгледува можноста за преземање итни мерки и кои би биле тие за „справување со заживувањето на национализмот и да се задржи политичката стабилност во Северна Македонија“ по негативната одлука од неодамнешниот Самит на ЕУ за старт …

Кулоглу: Дали ЕК ќе преземе итни мерки за задржување на стабилноста во Северна Македонија Read More »

Фестивал на европски филм „Синедејс“ од 7 до 15 ноември


Со премиера на филмот „Ефектот на среќа“ во режија на Борјан Зафировски, на 7 ноември во кино „Милениум“ ќе биде отворен 18. Фестивал на европски филм „Синедејс“. На затворањето на 15 ноември ќе биде прикажан  „Beyond the Horizon“ – македонско–швајцарска копродукција  со француска актерка Летиција Каста во главната улога. Покрај филмовите за награди во Официјалната …

Фестивал на европски филм „Синедејс“ од 7 до 15 ноември Read More »

Ципрас: Горди сме на Договорот од Преспа


Поранешниот премиер на Грција, а сега лидер на опозициската СИРИЗА, Алексис Ципрас за време на расправата за новиот закон за азил во грчкиот Парламент, говорејќи за националните прашања, се осврна и на Договорот од Преспа, велејќи дека тие се горди на решението меѓу двете земји, а паралелно упати критики и до актуелниот претседател на грчката …

Ципрас: Горди сме на Договорот од Преспа Read More »

Изложби и филмови по повод 100 години Баухаус и 30 години од падот на Берлинскиот ѕид


Германската амбасада и Гете Институт Скопје на македонската публика ќе ѝ ја претстават највлијателната образовна установа во областа на архитектурата, уметноста и дизајнот – Баухаус, кој оваа година го слави својот 100 годишниот јубилеј. Настаните ќе се одржуваа во Кинотека и Музејот за современа уметност и се отворени за јавноста. На 5 ноември во МСУ …

Изложби и филмови по повод 100 години Баухаус и 30 години од падот на Берлинскиот ѕид Read More »

Шест лица повредени во пукање во Марсеј


Шест лица се повредени во пукање што се случило во еден бар во Марсеј, соопшти денеска локалната полиција. Пукањето се случило околу 21:30 часот во барот „Терминус“ во 15-от арондисман, кога вооружен напаѓач на мотор стигнал до барот и отворил оган, а потоа избегал. Еден од шестмината повредени е во критична состојба. Локалните медиуми шпекулираат …

Шест лица повредени во пукање во Марсеј Read More »

Судот во Стразбур донесе пресуда поради лоши услови во затворот во Загреб


Европскиот суд за човекови права донесе пресуда со која се утврдува дека се несоодветни условите на затворениците во затворот во Загреб, кои достигнале ниво на „понижувачки третман“. Судот во Стразбур заклучи дека поднесувачот на тужбата Душан Улемек во одредени периоди од издржувањето на казната имал на располагање помалку од три „квадрати“ личен простор. Тие, исто …

Судот во Стразбур донесе пресуда поради лоши услови во затворот во Загреб Read More »

Нови политички трансфери: Координаторот за НАТО – амбасадор во НАТО


Дане Талески, актуелен национален координатор за НАТО и советник во владата е најверојатно нов амбасадор на земјава во седиштето на Алијансата во Брисел. Неговото име влезе во барабанот за пополнување на испразнетите амбасадорски места, на вчерашната собраниска седница за пратенички прашања, откако беше спомнат од претседателот на Комисијата за надворешни работи Антонио Милошоски. Талески стана …

Нови политички трансфери: Координаторот за НАТО – амбасадор во НАТО Read More »

Предлог законот за Академија за судии и јавни обвинители на собраниска седница


Собранието на Република Северн Македонија денеска ќе одржи продолжение на 114. седница, по што ќе продолжи со работа по точките од 111. седница на која на дневен ред е и Предлог законот за Академија за судии и јавни обвинители, во прво читање. На дневен ред на 114. седница преостанати се измените на Законот за основање …

Предлог законот за Академија за судии и јавни обвинители на собраниска седница Read More »

Хелсиншки комитет за текстилните работодавци: Да се спречи робовладетелскиот однос


Хелсиншкиот комитет реагира на барањата на работодавците во текстилната индустрија за зголемување на работни часа на вработените. Комитетот смета дека таквиот однос е робовладетелски и дека државата мора да реагира. „Продолжување на работното време, укинување на празници за да немало дисконтинуитет во производството, замрзнување на придонесите, повторно отворање на темата за нормиран учинок, дури и …

Хелсиншки комитет за текстилните работодавци: Да се спречи робовладетелскиот однос Read More »

Македонското студио „В Хаус анимејшн“ работеше на холивудски филм


Анимираната приказна „Пајни: осамената елка“ на која работеше македонската компанија „В Хаус Анимејш“ (www.vhouseanimation.com), по сценарио и режија на познатиот холивудски тандем Тимоти Хутен и Тод Едвардс, ќе има светска премиера на 3 ноември во Лос Анџелес. Приказната го следи необичното пријателство на деветгодишната Џорџи и нејзината омилена елка Пајни за која девојчето се грижи …

Македонското студио „В Хаус анимејшн“ работеше на холивудски филм Read More »