Кулоглу: Дали ЕК ќе преземе итни мерки за задржување на стабилноста во Северна Македонија


Европратеникот од грчката опозициска партија СИРИЗА, Стелиос Кулоглу, достави прашање до Европската комисија во кое бара одговор дали се разгледува можноста за преземање итни мерки и кои би биле тие за „справување со заживувањето на национализмот и да се задржи политичката стабилност во Северна Македонија“ по негативната одлука од неодамнешниот Самит на ЕУ за старт на преговорите, јави дописничката на МИА од Атина.

– По (оправданата) одлука на Владата за одржување предвремени избори, земјата е во опасност од политичка нестабилност што веројатно би ја искористиле националистите. Одлуката на претседателот на Европскиот парламент да го посети Скопје е значајна, но потребни се и други слични потези, пишува Кулоглу во прашањето доставено до Еврокомисијата.