Партиските лидери на терен: Заев меѓу младите, Мицкоски кај кумановци


Додека опозицискиот лидер Христијан Мицкоски, во рамки на партиската кампања „Обнова за Македонија“, престојуваше денеска во Куманово, лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев се обрати на трибина на социјалдемократската младина насловена „Иднината на Европа“.

-Младите сакаат да бидат дел од демократскиот западен свет, тоа и го правиме преку мерките и политиките што ги спроведуваме. -Од кога СДСМ ја доби честа да ја води државата многу се промени во нашата држава. Сите знаат дека она што го правиме е за сите граѓани, но најамногу за младите. Политиките што ги водиме не се за во моментот да се добијат симпатиите на младите туку тоа се релни и препознаени во функција за отворање на перспективите на оваа земја, а пред се на младите. Целиот свет признава, целиот свет со убави зборови се обраќаат кон нас. Во глобалниот свет на мобилност на младите, на услугите, на капиталот, нашата борба е да создадем компетитивно општество. Знаеме дека само на тој начин ќе биде примамливо за младите да останат овде. Вие младите сте со јасна цел, сакаат да бидеме дел од западниот демократскиот свет, каде слободите блескаат. Тоа и го правиме, за младите да бидат генератор на развојот на својата татковина, порача Заев.

Од ВМРО-ДПМНЕ реплицираа со подолго соопштение во кое се наведува дека младите нема да наседнат на манипулациите на Заев.

-Смешно е да се слуша како измамникот Заев се фали пред младите дека му постилаат црвен тепих на дипломатски посети. Бидејќи тој и неговиот кабинет не ги распознаваат знамињата на Австрија и Литвија, па не се знае дали знае или не дека црвениот тепих е дел од дипломатски протокол кога официјален државен претставник оди во официјална посета на друга држава – велат од ВМРО-ДПМНЕ.