ВМРО-ДПМНЕ обвинува за „чистка“ во Шумската полиција


Димковски: Пандемијата направи пореметување на извозот и увозот на земјоделските производи

Според Цветан Трипуновски од ИК на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ ги шиканира вработените во Министерството за земјоделство.

Над 70 вработени во шумската полиција, како што тврди Трипуновски,  се прераспределени на работни места надвор од нивното место на живеење.

-Трајан Димковски,  по налог на Зоран Заев шиканира партиски неистомисленици, симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, но пред се професионалци вработени во Секторот Шумска полиција. Седумдесет администратори и шумски полицајци веќе една недела одат на работа оддалечена и над 50 километри од нивното место на живеење. За апсурдот да биде поголем се преместуваат вработени од еден во друг град со образложение, зголеми обем на обврски. А се што прави власта е само размена на луѓе, без дополнување и дополнително образложение – вели Трипуновски.

Мината седмица, министерот за земјоделство Димковски посочи на Трипуновски како на еден од организаторите на протестите на земјоделците пред владата, за кои имаше наводи дека се политчки мотивирани.