Датумот за преговори нема да биде тема во Берлин


„Невообичаена, вонредна средба, надвор од рамките на Берлинскиот процес“, вака накратко советникот за евроатлантски интеграции во кабинетот на Зоран Заев и главен технички преговарач со ЕУ, Бојан Маричиќ, ја дефинира средбата на претседателите или премиери на шесте земји од Западен Балкан, како и на членките на ЕУ, Хрватска и Словенија со двата најмоќни европски лидери. …

Датумот за преговори нема да биде тема во Берлин Read More »

Годишно еден жител во земјава создава 412 килограми комунален отпад


Еден жител во земјава во текот на минатата година создал 412 килограми отпад, што е за 8,6 отсто повеќе во текот на 2017 година. Државниот завод за статистика објави дека во текот на 2018 година во земјава е создадено вкупно количество од 854.865 тони отпад, а количината на собран комунален отпад изнесува 625.386 тони, што …

Годишно еден жител во земјава создава 412 килограми комунален отпад Read More »

(ВИДЕО) Нова експлозија на Шри Ланка


Нова експлозија одекна пред црквата Свети Антун во главниот град на Шри Ланка, Коломбо. Новинарот на „Гардијан“, кој известува од самото место, објави снимка на која се гледа како луѓето панично бегаат. Тој тврди дека станува збор за помала експлозија. This young man has just been arrested outside St Anthony’s church. As police took him …

(ВИДЕО) Нова експлозија на Шри Ланка Read More »

Татко и деветгодишно дете најдени мртви во автомобил


Татко и неговиот деветгодишен син од село Опае синоќа биле пронајдени мртви во автомобил во атарот на кумановското село Слупчане. Според официјалните информации од МВР, полицајци од одделението во Матејче синоќа околу 22.40 часот пронашле патничко возило „опел астра“ со скопски регистерски ознаки во кое биле две лица без знаци на живот. Јавен обвинител и …

Татко и деветгодишно дете најдени мртви во автомобил Read More »

Уште едно обвинение против поранешниот претседател на „Нисан“


Против поранешниот претседател на „Нисан“ Карлос Госн се подготвува ново обвинение за злоупотреба на доверба, јавија денеска јапонските медиуми. Обвиненијата се однесуваат на плаќање од страна на подружница на јапонскиот производител на автомобили кое наводно легнало на сметка на приватна инвестициска компанија под контрола на Госн. Тој прво беше уапсен во ноември, но откако плати …

Уште едно обвинение против поранешниот претседател на „Нисан“ Read More »

Грчките медиуми за првиот круг од претседателските избори


Грчките медиуми во текстовите посветени на првиот круг од претседателските избори во Северна Македонија, акцентот го ставаат на малата излезеност и малата разлика меѓу Пендаровски и Силјановска Давкова, јави дописничката на МИА од Атина. „Прв, но на граница Стево Пендаровски за претседател на државата“; „Северна Македонија: На втор круг изборите за претседател, победник неизлезеноста“; „Изборен …

Грчките медиуми за првиот круг од претседателските избори Read More »

Денес почнува теренската вакцинација во Скопје


Во животно загрозувачка состојба и натаму е шеснаесетгодишнoто момче заболено со морбили кое дише преку апарати. Момчето е невакцинирано, има церебрална парализа и пневмонија која му се јавила како компликација од сипаниците, а е хоспитализирано на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Од Министерството за здравство велат дека на одделот со потешка здравствена состојба …

Денес почнува теренската вакцинација во Скопје Read More »

Светскиот ден на книгата и авторското право се одбележува во Битола


Универзитетската библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола според востановената традиција го одбележува Светскиот ден на книгата и авторското право. Програмските активности ќе се одвиваат три дена, а почнуваат со манифестацијата „Книги кои гледаат“ посветена на лица со целосно или делуно оштетен вид, за кои во библиотеката ќе биде читана поезија. – Светскиот ден на книгата и …

Светскиот ден на книгата и авторското право се одбележува во Битола Read More »

Во нападите на Шри Ланка загинаа најмалку 290 луѓе


Најмалку 290 луѓе загинаа, а 500 се повредени во вчерашната серија напади врз цркви и хотели на Шри Ланка, соопптија утртово властите. Тие исто така наведоа дека се приведени 24 лица осомничени за поврзаност со нападите. Се уште никој не презеде одговорност за нападите штп се случија на Велигден на грегоријанскиот календар. Осум експлозии одекнаа …

Во нападите на Шри Ланка загинаа најмалку 290 луѓе Read More »

Игор Јосифов за првпат ќе го изложи заробеното дело за Нелсон Мандела во Венеција


Заробеното дело за Нелсон Мандела изработено од македонскиот уметник Игор Јосифов првпат ќе биде изложено во јавноста Палацо Мора, во рамките на „Лични структури“ на Венециското биенале на уметноста. Станува збор за дело кое Јосифов го создаде во Северна Калифорнија во 2013 година, а подоцна беше испратено во Париз каде што требаше да биде изложено …

Игор Јосифов за првпат ќе го изложи заробеното дело за Нелсон Мандела во Венеција Read More »

Пендаровски води со 4.606 гласа во првиот круг пред Силјановска


Според првичните резултати објавени на веб страницата на ДИК од обработени 99,96  отсто од гласовите, води претседателскиот кандидат на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски со 42,85 отсто, втора е кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска Давкова со 42,24 отсто, а трет е кандидатот поддржан од Алијансата за Албанците и Беса, Блерим Река со освоени …

Пендаровски води со 4.606 гласа во првиот круг пред Силјановска Read More »

Разликата меѓу Пендаровски и Силјановска е 1%


Според првичните резултати објавени на веб страницата на ДИК од обработени 74,52 отсто од гласовите, води претседателскиот кандидат на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски со 42,64 проценти, втора е кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска Давкова со 41,59, а трет е кандидатот поддржан од Алијансата за Албанците и Беса, Блерим Река со 11,55 отсто. …

Разликата меѓу Пендаровски и Силјановска е 1% Read More »

Јанушев објави победа на нивниот кандидат


Секретарот на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев на првата прес-конференција објави голема победа на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот кандидат Гордана Силјановска Давкова. „Правдата доаѓа, готови се. ВМРО-ДПМНЕ победува, народот победува. Силјановска е изборот на народот. Гордана ќе биде! Првадата доаѓа. ВМРО ја победува власта. Водиме против кандидатот поддржан од СДСМ, ДУИ, ДПА, ЛДП, НСДП и целата власт. Против …

Јанушев објави победа на нивниот кандидат Read More »

Притвор за косовски државјанин што превезувал 58 мигранти


Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, косовски државјанин за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело „криумчарење мигранти“. Како што информира Обвинителството, во текот на вчерашниот ден осомничениот пеш ја поминал македонско – косовската граница и по …

Притвор за косовски државјанин што превезувал 58 мигранти Read More »

Соборениот претседател на Судан претрпе мозочен удар


Соборениот судански претседател Омар ал Башир претрпе полесен мозочен удар и неговата здравствена состојба е стабилна, соопштија лекарите. – Башир претрпе полесен мозочен удар, а неговата здравствена состојба е моментно стабилна, изјави неименуван член на медицинскиот тим кој се грижи за Башир. Истиот извор истакна дека психичката состојба на Башир е се потешка. – Тој …

Соборениот претседател на Судан претрпе мозочен удар Read More »

Кумановец избоден со остар предмет


Кумановец бил избоден со остар предмет, соопшти денеска СВР Куманово.  Настанот, како што додаваат оттаму, бил пријавен дваесет минути по полноќ. Најпрво настанала расправија во кафе бар помеѓу 21-годишниот К.П. и А.Н, која продолжила во друг кафе бар, по што А.Н. со остар предмет му нанел повреда на К.П. Повредениот бил пренесен во кумановската болница …

Кумановец избоден со остар предмет Read More »

Концертен викенд во Скопје: Промовирани четири албуми од различни артисти


Изминатиов викенд во Скопје помина во знакот на музиката и промоцијата на нови музички дела на повеќемина артисти. Во петокот во Младинскиот културен центар концертна промоција на последниот албум направија членовите на метал-кор бендот „Смат“ (Smut). Албумот „Тие се насекаде“ го издадоа минатата година, а годинава, пак, бројат 23 години на музичката сцена. Концертот беше …

Концертен викенд во Скопје: Промовирани четири албуми од различни артисти Read More »

Спасовски изрази сочувство до семејството на загинатиот полициски службеник


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска упати телеграма со сочувство до семејството на трагично загинатиот 37- годишен полициски службеник Виктор Цветковски од Куманово. – Во овие тешки моменти заедно со Вас ја споделуваме болката за ненадоместливата загуба за еден млад живот. Министерството за внатрешни работи, колегите, загубија вреден и чесен другар, а Вие пак …

Спасовски изрази сочувство до семејството на загинатиот полициски службеник Read More »

ДИК: Одѕивот на гласањето до 13 часот 20,45 отсто


Одѕивот на гласањето на првиот круг од Претседателските избори до 13 часот изнесува 20,45 проценти. Портпаролот на Државната изборна комисија Љупка Гугучевска на прес-конференција соопшти дека од пристигнатите податоци од 75,57 отсто од избирачките места до 13 часот гласале 284.942 гласачи. Меѓу општините со најголем процент на излезност се Прилеп со 35,2 проценти, Новаци 33,12, …

ДИК: Одѕивот на гласањето до 13 часот 20,45 отсто Read More »

Уште една експлозија на Шри Ланка


Нова експлозија одекна во предградие на главниот град на Шри Ланка, Коломбо откако експлозивни направи се активирани во три цркви и три хотели во градот. Според полицијата експлозијата се случи во предградието Деивала. Во претходните експлозии, на католички Велигден, загинаа најмалку 185 лица, а над 400 други се повредени.