Светскиот ден на книгата и авторското право се одбележува во Битола


Универзитетската библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола според востановената традиција го одбележува Светскиот ден на книгата и авторското право.

Програмските активности ќе се одвиваат три дена, а почнуваат со манифестацијата „Книги кои гледаат“ посветена на лица со целосно или делуно оштетен вид, за кои во библиотеката ќе биде читана поезија.

– Светскиот ден на книгата и авторското право ќе го одбележиме со повеќе програмски активности и освен манифестацијата „Книги кои гледаат“, ќе приредиме и изложба на книги од Мигуел Де Сервантес, Вилијам Шекспир, Никола Бувие и Хорхе Луис Борхес. Утре на пладне ќе одржиме работилница за млади која носи наслов „Патување“, а планирана е и промоција на книга-прирачник од авторите Валентина Дојчиновска-Илиоска, Наташа Бундовска и Софче Марковиќ, најавија од Универзитетската библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола.

Како што е познато, идејата за одбележување на Светскиот ден на книгата и авторското право потекнува од Каталонија, каде на 23-ти април на денот на католичкиот празник „Св.Јурја“, традиционално се подарува ружа за секоја подарена книга, традиција која трае скоро 100 години. Се смета дека овој датум е избран и затоа што на 23 април починале великаните на светската книжевност како Мигуел Де Сервантес и Вилијам Шекспир, информираа од таа национална установа.