Јанушев објави победа на нивниот кандидат


Секретарот на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев на првата прес-конференција објави голема победа на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот кандидат Гордана Силјановска Давкова.

„Правдата доаѓа, готови се. ВМРО-ДПМНЕ победува, народот победува. Силјановска е изборот на народот. Гордана ќе биде! Првадата доаѓа. ВМРО ја победува власта. Водиме против кандидатот поддржан од СДСМ, ДУИ, ДПА, ЛДП, НСДП и целата власт. Против народот не се може“, рече Јанушев.

Од 43 отсто од обработените гласови Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ водат во голем број избирачки места и општини: Битола, Велес, Кавадарци, Кичево, Кочани, Охрид, Прилеп, Свети Николе, Аеродром, Бутел, Кисела Вода…

Јанушев објави сигурна победа во Пехчево, Илинден, Лозово, Радовиш, Ѓорче Петров…