„АстраЗенека“ ќе испорача дополнителни девет милиони дози од вакцините во Европа
Компанијата „АстраЗенека“ ќе испорача дополнителни 9.000.000 дози од вакцините против Ковид-19 во првото тромесечие од оваа година, соопшти претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.
Таа на Твитер напиша дека покрај дополнителните дози компанијата во Европа ќе испорача укупно 40 милиони дози од вакцината.
Според нејзините зборови, „АстраЗенека“ ќе почне со испорака на вакцините седум дена порано од првобитно планираното.
„Компанијата, истовремено, ќе го прошири производствениот капацитет во Европа“, додаде претседателката на ЕК.