Артан Груби тврди дека нема да има реконструкција на владата


 

Во моментов 74 пратеници во Собранието се „за“ уставните измени и ќе успееме да ги обезбедиме гласовите на уште шест пратеници од македонската опозиција, кои недостигаат за двотретинско мнозинство, истакна првиот вицепремиер, Артан Груби.

„Шестмината ќе ги најдеме во проевропскиот дел на опозицијата, каде тој европски дух е во растеж и тоа е очигледно. На кого мислам? На македонската опозиција. Дали мислам на пратеници на ВМРО? Македонската опозиција не е само ВМРО“, рече тој во вчерашното гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.
 
Околу тоа дали со оставката на Горан Милевски од министерска функција се отвори патот и за мала реконструкција на владата, тој со став дека не е планирана никаква владина рекострукција.
 
„До овој момент додека сум во студио, не сум запознаен дека ќе има некаква реконструкција на владата, освен оставката на Горан Милевски. Немало разговори во владата за такво нешто. Нема планирани промени, не само во владата туку и на директорските места“, изјави Груби.