Американските хаубици веќе стигнуваат во Украина
Украинското Министерство за одбрана денеска потврди дека во Украина почнале да пристигнуваат хаубици од 155 мм што им ги испратиле САД, но и „други партнери“, како што е Франција. Министерот за одбрана Олексеј Резников предвидува дека ова оружје со долг дострел „фундаментално“ ќе ја промени борбата против Русија.
Хаубиците од 155 мм се со стандардната големина на НАТО. Украинита мисли дека со неа ќе има успех во одбивањето на нападите на Русија, па дури и преминување во контранапад затоа што најголемиот дострел на хаубиците изнесува 14,6 километри.