Американските дипломати во шок поради промените во Стејт департментот, буџетот да се преполови

Документ во кој е наведен предлогот за реструктуирање на Стејт департментот шокираше многу американски дипломати, пишува Politico. Според информациите во овој предлог, се очекува во наредниот период буџетот да се преполови.
Кога беше објавен, документот предизвика шок и гнев кај американските дипломати ширум светот.
Реорганизирањето на Стејт департментот, особено во Африка, би довело до значително намалување на американското влијание.
Според информациите од предлогот, многу регионални канцеларии би биле затворени, а би се основале нови кои ќе ги покриваат главните делови на светот за оваа администрација – Евроазија, Латинска Америка, Блискиот Исток и Индо-Пацификот.
Според еден дипломат, планот е „апсолутно лудило“, додека друг признава дека можеби е потребна реорганизација, но не на овој начин.
„Можете да им дадете на бесконечен број мајмуни бесконечен број машини за пишување и тие би напишале подобар план од овој“, изјави тој за Политико.
Овој документ првпат беше објавен од Њујорк Тајмс и потврден за Политико од повеќе извори од Стејт департментот.
Сепак, државниот секретар Марко Рубио го нарече „лажен предлог“. Без оглед на негирањето на Рубио, а подоцна и на портпаролот на Стејт департментот, стравот сè уште постои меѓу американскиот дипломатски кор.
Што се однесува до Африка, овој неофицијален предлог, споделен меѓу дипломатите во Стејт департментот и ширум светот, Белата куќа директно ќе ја преземе контролата врз повеќето работи на континентот, а „несуштинските“ конзулати и амбасади ќе бидат затворени до октомври оваа година.
Вреди да се напомене дека станува збор за документ кој „не личи на стандардна извршна наредба од Доналд Трамп“, како што посочува Политико, а станува збор за неформален предлог кој ги покажува укажувањата на администрацијата на Трамп за иднината на Стејт департментот.
Покрај затворањето на конзулатите и регионалните канцеларии, предложено е и намалување на буџетот на Стејт департментот на половина на 28 милијарди долари годишно.