Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс ќе присуствува на првата миса на папата Лав четиринаесетти


Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс ќе присуствува на првата миса на папата Лав XIV, роден во САД, што ќе се одржи во недела на плоштадот „Свети Петар“, објави Белата куќа.

Венс ќе ја предводи американската делегација, во која ќе биде и државниот секретар Марко Рубио, кој е католик како и потпретседателот на САД.

Папата Лав XIV, роден во Чикаго, е првиот американски папа, кој предизвикува возбуда во неговата родна земја, во која е четвртата по големина католичка заедница во светот.

Француските медиуми веќе пренесоа дека додека бил кардинал или претходно само свештеник Роберт Превост, папата Лав XIV, на платформата X ги критикувал Венс и американскиот претседател Доналд Трамп за нивниот антиимигрантски став.

Неодамна, ден пред смртта на папата Франциск, Венс со семејството беше на приватна аудинеција кај понтифот во Ватикан.