Американците ќе ги „дерат“ навивачите за време на Светското првенство. Еве колку ќе чини билет за воз од центарот на Њујорк до стадионот


 
 ФИФА веќе ги шокираше навивачите со екстремно високите цени на билетите за Светското првенство, а сега се придружија и градовите.
 
Додека цените за сместување во градовите домаќини се зголемија неколку пати како што се очекуваше, зголемувањето на цените за превоз во и меѓу градовите не беше очекувано. На Светските првенства во Русија и Катар, организаторите се потрудија да им угодат на навивачите, нудејќи попусти на меѓуградските возови за оние со билети, но Американците не се многу разбирачки.
 
Всушност, според „The Athletic“, Њујорк ќе ги зголеми цените за превоз од центарот на градот до стадионот „MetLife“, кој се наоѓа на 18 километри оддалеченост во Њу Џерси, седумкратно.
 
Билетот за патување со возот „NJ Transit“ ќе чини 100 долари, седум пати повеќе од редовната цена. Не само тоа, туку нема да има попусти за лицата со попреченост, постарите лица или децата, што е нормална практика.