Албумот на Panini за Мундијалот во Катар излегува на 24 август
Македонските колекционери на популарните сликички на италијанскиот издавач Panini од 24 авгсут ќе имаат можност да ја започнат својата нова колекција, овој пат за Мундијалот 2022 во Катар.
Ако минатиот албим на Panini се чекаше со душа, оној за ЕУРО 2020, поради настапот на Македонија на континенталниот собир, овој пат не се очекува таква еуфорија и редици уште на првиот ден.
Откако поради крајно лошиот албум за ЕУРО 2020, во кој имаше нула интеракција и едукација, Panini ги загуби правата за наредните Европски првенства на УЕФА. Останува да видиме дали италијанскиот издавач ја научил лекцијата или и Катар 2022 ќе биде лоша копија на ЕУРО 2020 албумот, што ќе и даде причина и на ФИФА да размислува за соработка со друг издавач за наредните Мундијали.
Мундијалот во Катар почнува на 21 ноември, а можеби и на 20-ти, додека завршува на 18 декември. Ќе учествуаат 32 репрезентации, а единтсвен дебитант кој за прв пат ќе се најде и во албумот на Panini е токму домаќинот Катар.