Акција на германската полиција против осомничени исламски екстремисти


 Во голема координирана акција на германската полиција утрово се извршени претреси во Берлин и во сојузната држава Бранденбург во рамките на истрагата за забранета организација наводно поврзана со исламскиот екстремизам.
 
Околу 800 полицајци, вклучително и специјалци извршија претреси во домовите на членовите на забранетата организација.
 
Главна цел на разцијата беше собирање докази.
 
Полицијата сè уште не информира дали некој од осомничените е приведен.