Ахмети итно го свика Генералниот совет на ДУИ


По последните политички случувања и договореното ново собраниско мнозинство Али Ахмети, лидерот на ДУИ за утре го свика Генералниот совет на партијата. Утре во 13 часот во Тетово ќе се расправа за тоа кои би биле наредните потези на ДУИ.

Ахмети вчера порача дека, во консултации со стратешките партнери, ќе делуваат без емоции и еуфорија. „заедно ќе успееме“, најавувајќи дека за сите случувања партијата ќе информира навремено. „Заедно засекогаш и во секој предизвик“, дополнува Ахмети.

Беса реши да излезе од владината коалиција и да ѝ се приклучи на опозицијата откако Државната изборна комисија ги прифати приговорите на ДУИ за прегласување во Желино, општината каде со тесен резултат за градоначалник победи кандидатот на Беса.

По оваа одлука на ДИК, Беса одлучи да се приклучи на иницијативата за изгласување на недоверба на владата.