Москва: Ја пропуштивте приликата


 

Руското министерство за надворешни работи порача дека новите најавени санкции на Европската Унија против Русија се незаконски и дека предизвикуваат разочарување во Москва.

Министрите за надоврешни работи на ЕУ се согласија Брисел да воведе санкции за четворица руски високи функционери блиски до претседателот Владимир Путин како одговор на притворањето на опозицискиот лидер Алексеј Навални.

Руското министерство за надоврешни работи оцени дека ЕУ ја пропуштила приликата да го промени својот курс кон Русија.

Претседателот на Одборот за меѓународни работи на сржавната Дума на Русија Леонид Слуцки вели дека новите санкции на ЕУ нема да останат без одговор од Русија, пренесе Тасс.

„Санкциите на ЕУ поради случајот Навални ќе бидат уште еден чекор кон деградација на односите со Русија“, рече Слуцки пред новинарите.