Мицкоски ги пофали здравствените власти за справување со кризата


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, оцени дека лекарите, специјалистите и целиот медицински персонал добро се справил со епидемијата на корона вирусот, имајќи ги предвид ресурсите коишто ги има нашиот здравствен систем. Гостувајќи на Телевизија 24 Мицкоски нагласи дека доколку имало поголеми инвестиции во јавното здравство изминативе децении ние ќе можевме уште подобро да се справиме, оценувајќи дека, за жал, бројот на починатите бил поголем од повеќето земји во регионот.