Пратениците немаат абер од формирање Анкетна комисија за Кочани, родителите најавуваат нов протест


Претседателот на Собранието, Африм Гаши, не се чувствува одговорен што и натаму не е формирана Анкетната комисија за трагедиите во Кочани, во Ласкарци и за модуларната болница,  иако родителите на загинатите во дискотеката „Пулс“ јавно побараа деновиве пратениците да излезат и да се изјаснат, бидејќи поминаа 18 месеци од настанот, обвинетите се ослободуваат од притвор, […]

Тилда Свинтон во ново светло како глобална амбасадорка на „Картие“


„Чувството дека истражувате непознати предели, дека не знаете сосема што правите, а сепак сте отворени за восхит и чудење – сето тоа, би рекла, се суштински предуслови за највредните животни авантури, од каков било вид“, размислува Тилда Свинтон. Ова се идеи што и Свинтон и париската куќа за накит Cartier ги препознаваат како вистинити. Тие […]

Куп тепачки меѓу сопрузи и сопруги, но и меѓу мајка и ќерка


Четири тепачки меѓу сопрузи и сопруги во Скопје, нотира денешниот полициски билтен, а се случиле во помалку од 24 часа. Сопруг ја нападнал сопругата и во Ранковце, по што бил приведен во полициска станица. Ноќеска, во 2:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Ранковце го лишија од слобода Б.М.(41) од село во општина Ранковце, затоа […]

Редовната исплата на боледувањата да стане правило, посакува Перински


Фондот за здравствено осигурување ќе продолжи со активности за воспоставување редовна и предвидлива исплата на надоместоците за боледување и породилно отсуство, истовремено со унапредување на правилата, поедноставување на постапките и зајакнување на контролата таму каде што постои ризик од злоупотреба. Ова беа дел од клучните пораки на генералниот директор на Фондот за здравствено  осигурување, м-р […]

СДСМ бара обвинителство да отвори истрага за „лотото на Мицкоски“


  Од граѓаните се крие вистината за лотото на арамијата Мицкоски и трошењето на 5,5 милиони евра за прославата за независноста. Затоа сме пред Јавното обвинителство. Мора веднаш да отвори истрага и да ја обезбеди целокупната документација, да ги даде на увид пред граѓаните. Граѓаните ја платија сметката на Христијан Мицкоски за прославата на годишнината […]

Израелскиот министер за култура се заканува дека ќе им го одземе израелското државјанство на филмаџиите од „Наза“


Венеција– Израелскиот министер за култура, Мики Зохар, се закани дека ќе им го одземе израелското државјанство на ко-режисерите на филмот „NAZA“, Јувал Абрахам и Рејчел Шор. Тој го нарече документарниот филм „шокантен“ и ги обвини авторите за „предавство на државата“. „Самопрезирот што гори во овие творци, кои се подготвени да ѝ наштетат на својата татковина […]

Студентскaта листа влегува во битката за Србија: Попладне го предаваат списокот, еве што им порачаа на граѓаните


Во понеделник, студентското движење во Србија ќе направи нов голем чекор кон предвремени парламентарни избори на 25 октомври. Студентите во блокадата ги поканија граѓаните да им се придружат во Белград при поднесувањето потписи за „Студентски список – Студентите победуваат“ до Републичката изборна комисија. „Ќе ги носиме потписите заедно, бидејќи ова е заедничка борба, како што […]

Селин Дион блесна во „Диор“ и во „Живанши“ и со огромен дијамантска ѓердан од 10 карати на првиот концерт во Париз


Париз – По повеќе од шест години отсуство од јавноста, поп-ѕвездата на хитот „My Heart Will Go On“ се врати на сцената – враќање што долго се очекуваше – во дизајнерска креација блескава од дијаманти. За првата вечер од серијата концерти, кои ќе се одржуваат во арената „Пленитуд“ (Plenitude Arena) до 17 октомври, со дополнителни […]

Кос предлага новите членки на ЕУ да се откажат од правото на вето и заштитната клаузула


По приемот, новите членки во ЕУ треба да се откажат од правото на вето на одлуките донесени со консензус во Унијата, а постои и можност да им бидат одбиени финансиски средства доколку назадуваат во областа на владеењето на правото или ги загрозат интересите на Унијата, според предлогот за реформа на процесот на проширување на ЕУ, […]

„The Pitt“ и „Hacks“ во трка за злато на телевизиските награди „Еми“


Лос Анџелес – Холивудските ѕвезди вечерва ќе им оддадат признание на најдобрите телевизиски остварувања на доделувањето на наградите „Еми“ (Primetime Emmy Awards). Харисон Форд и Џин Смарт се во трка да испишат историја, додека серијата „The Pitt“, чие дејство се одвива во оддел за итна помош, се бори да ја освои главната награда втора година […]

Придружи се на еуфоријата – 18 септември е последен рок за пријавување за Виз Ер Скопски Маратон 2026


Скопје се подготвува за уште едно големо спортско доживување, а времето за пријавување за Виз Ер Скопски Маратон 2026 истекува. 18 септември е последниот ден за пријавување, па сите кои сакаат да бидат дел од тркачката еуфорија на 4 октомври имаат уште малку време да го обезбедат своето место на стартот. Програмата на Виз Ер […]

Левицата води во трилерот на изборите во Шведска


  СТОКХОЛМ — Шведските општи избори, кои носат голем влог, се движат кон неизвесна завршница во трката што треба да одлучи дали премиерската функција ќе ја преземе нов лидер од левиот центар или, пак, крајната десница за првпат ќе влезе во владата. Откако се објавени 94% од резултатите, левичарскиот блок на опозициската лидерка на социјалдемократите, […]

„Одисеја“ стана филм со најголема заработувачка на студиото Јуниверзал


Лондон – Филмот „Одисеја“ го надмина „Светот Јура“ (Jurassic World) и стана филм на студиото Јуниверзал Пикчрс со најголема заработувачка на сите времиња, само неколку месеци по премиерата. Блокбастерот, кој во кината пристигна на 17 јули, е адаптација на старогрчкиот еп на Хомер и го следи Мет Дејмон во улогата на Одисеј, грчкиот крал на […]

Кируна- шведската европска престолнина на културата 2029 ги повикува македонските уметници да учествуваат со свои проекти


Македонските уметници, културни организации и други чинители од областа на културата имаат можност да предложат проекти и идеи за официјалната програма на Кируна – Европска престолнина на културата 2029. Во рамки на подготовката на програмата, Кируна 2029 отвора две можности за учество на уметници и организации од Шведска и од други земји, се вели во […]

Елој Морено, авторот кој собори Гинисов рекорд, доаѓа на „Букстар“ во Скопје


Елој Морено е „најчитаниот шпански писател“ во моментов и конечно ни се исполни желбата тој да гостува пред нашата публика и пред нашите читатели. Горди сме што тој ќе биде дел од „BookStar“ 2026, велат од „Антолог“. Морено конечно ќе биде специјален гостин на дел од програмата на странски автори кои се иднината на светската […]

Гаши тврди: Предвремени избори нема да има


  Претседателот на Собранието, Африм Гаши, тврдеше денес пред новинарите дека предвремени избори ниту очекува, ниту ќе има.  „Според мене, предвремени избори не треба да има и убеден сум дека нема да има“, рече Гаши ублажувајќи ја вторпат позицијата.  На новинарското прашање на што се должи ваквата цврста увереност, имајќи ја предвид разгорената политичка реторика […]

Како рикна „Најк“


  Прашање на денови е кога после 18 години, „Најк“ ќе испадне од престижниот американски берзански индекс S&P 100. Пред помалку од пет години компанијата вредеше 264 милијарди долари, денес пет пати помалку. Вредноста на нејзините акции има паднато за околу 80%. Компанијата што некогаш создаваше култура, сега почна да дели купони за попуст.   […]

„Ефективно опколена“: Руската армија претрпе прв голем пораз во Донбас по подолг период


  Руските вооружени сили во Украина беа принудени да напуштат повеќе од 200 квадратни километри територија долж главната линија на офанзивата во регионот Донецк, губејќи го клучниот пункт во близина на Лиман, од каде што планираа да го нападнат појасот од „градови-тврдини“ во Донбас од север. Ова го објави аналитичарот на ОСИНТ, Клемент Молин, а […]

Турција со нови археолошки откритија, уникатна можност за патување низ времето за љубителите на авантури


Богатото историско минато на Анадолија, која со илјадници години била дом на многу цивилизации, претставува непресушен извор на археолошки откритија, благодарение на археолошките истражувања и ископувањата што се спроведуваат во Турција. Меѓу најзначајните региони во кои се спроведуваат вакви истражувања е Бурдур, каде Кибира и Сагаласос се издвојуваат како едни од најпривлечните антички локалитети. Со […]

Кумановските занаетчии му испорачаа предлози на Мицкоски за унапредување на дејноста


Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, оствари средба со претставниците на Занаетчиската комора и со претставници од фризерско-берберската и козметичката секција. На средбата се разговарало за предизвиците со кои се соочуваат занаетчиите, нивните предлози и идеи, како и за можностите за подобрување на условите за работа и развој на занаетчиството. – Дијалогот со луѓето од реалниот […]