Куп тепачки меѓу сопрузи и сопруги, но и меѓу мајка и ќерка
Четири тепачки меѓу сопрузи и сопруги во Скопје, нотира денешниот полициски билтен, а се случиле во помалку од 24 часа. Сопруг ја нападнал сопругата и во Ранковце, по што бил приведен во полициска станица.
Ноќеска, во 2:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Ранковце го лишија од слобода Б.М.(41) од село во општина Ранковце, затоа што физички ја нападнал неговата 41 – годишна сопруга. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
На 13.09.2026 во 12:30 часот во СВР Скопје, 43-годишна жена пријави дека нејзиниот поранешен партнер М.К.(60) упатувал закани кон неа и нејзиното семејство. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 13.09.2026 во 11:30 часот во СВР Скопје, 26-годишна жена пријави дека на 11.09.2026 во домот на подрачјето на Бит Пазар со тврд предмет била нападната од нејзината мајка С.З.(56). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 13.09.2026 во 22:00 часот во СВР Скопје, 41-годишен маж пријави дека во домот на подрачјето на Кисела Вода бил физички нападнат од неговата сопруга Ј.З.П.(42). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 14.09.2026 околу 04:00 часот во СВР Скопје, 44-годишна жена пријави дека на 13.09.2026 во домот на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзиниот сопруг Н.Н.(61). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.