Гаши тврди: Предвремени избори нема да има
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, тврдеше денес пред новинарите дека предвремени избори ниту очекува, ниту ќе има.
-Според мене, предвремени избори не треба да има и убеден сум дека нема да има, рече Гаши ублажувајќи ја вторпат позицијата.
Околу новиот Изборен законик единствено што порача е дека е добро, без оглед кога ќе има избори, да биде донесен, но како и на претходните брифинзи, немаше што да најави како конкретна активност освен констатацијата – дека има група која што треба да работи на него и нивна одлука е дали воопшто и кога ќе се состанат. Засега, оцени тој, групата е заглавена.
Тема на денешната координација во Собранието, според спикерот, било и отсуството на министри на седниците за заеднички прашања поради што во име на парламентот се побарало Владата да расправа околу овој проблем на нејзина седница, за да не се случува и натаму ваква практика. Поради заминување на премиерот на Генералното собрание на Обединетите нации на крајот на септември, Гаши најави дека и тој нема да присуствува на наредната седница за пратенички прашања, што било повод некои од кординаторите на пратеничките групи да побараат седницата да се презакаже за друг термин, кога премиерот ќе се врати ов Њујорк.