СДСМ бара обвинителство да отвори истрага за „лотото на Мицкоски“
Од граѓаните се крие вистината за лотото на арамијата Мицкоски и трошењето на 5,5 милиони евра за прославата за независноста.
Затоа сме пред Јавното обвинителство. Мора веднаш да отвори истрага и да ја обезбеди целокупната документација, да ги даде на увид пред граѓаните.
Граѓаните ја платија сметката на Христијан Мицкоски за прославата на годишнината на независноста и сега треба да знаат до денар каде завршија нивните пари, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, пред седиштето на Јавното обвинителство.
Таа рече дека за „огромни проневерени пари се кријат документи, одлуки, анекси, фактури, исплати, и клучното прашање. Самит начин на носење одлуки е сомнителен и спротивен на закон.
Во кое својство Владата ѝ наложила на Државната лотарија да ја организира и финансира прославата? Ако постапувала како претставник на државата акционер, каде е одлуката на Собранието на акционери.
Кој орган одобрил трошење над 300 милиони денари? На која седница? Кој гласал и врз која законска основа?
Јавниот повик траел само пет работни дена и пристигнала само една понуда. Повикот заврши на 8 мај, а само три дена подоцна власта веќе го најави настапот на Давид Гета.
Значи условите биле однапред приспособени за конкретен организатор бил договорен. Обвинителството мора да утврди колку чинел настапот на Дејвид Гета, кога бил договорен и исплатен.
Мора да се утврди кои домашни и странски фирми добиле пари, колку заработиле „Стардаст“, односно Авалон, и како се вршеле исплатите док и компанијата имала блокирана сметка.
Дополнително, прашање е каде завршиле и приближно 1,75 милиони денари од продадените билети и дали бил платен данок“, рече Кузеска.
Според неа, ако сѐ било законски немало да се кријат документи: „Народот не е ниту ‘талог’, ниту ‘идиот’. Не може постојано да го лажете и да ги криете одговори за неговите пари“.