Свадбата на Трамп помладиот на Бахамите била тајно финансирана од руски олигарх близок до Путин


На 24 мај Доналд Трамп помладиот славеше на Бахамите, додека оскудно облечени танчери во штикли и морнарски капи настапуваа за него и неговите гости. Тоа беше последната ноќ од неговата свадба, раскошна, тридневна забава одржана на два ултра-ексклузивни приватни острови. Торта „фанфети“ на пет нивоа беше донесена со авион од Флорида, а хеликоптери и хидроавиони […]

Цените на европскиот гас нагло пораснаа на највисоко ниво од 2022 година


Цената на европскиот природен гас денеска нагло порасна поради загриженоста во снабдувањето што произлегува од прекините во испораката од производствените области во Персискиот Залив, јави ДПА. Фјучерсите за природниот гас TTF за испорака за следниот месец денеска во раното тргување на берзата во Амстердам скокнаа за повеќе од пет отсто, достигнувајќи 83,75 евра за мегават […]

Рокас: Фон дер Лајен во посета на регионот за две до три недели, се надевам ќе биде одлучувачка за евроинтеграцијата на земјата


Евроамбасадорот Михалис Рокас најави дека набргу претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, треба да го посети регионот и се надева оти нејзината посета ќе биде одлучувачки чекор кон почнување на пристапните преговори на земјата со Европската Унија. ​ – Изминатите неколку месеци сите работиме макотрпно сѐ со цел таква работа да се случи. […]

Камен мост затворен за пешаци – ќе се осветлува


Камениот мост во центарот на Скопје е затворен за движење на пешаци поради интервенција на осветлувањето, кое по долгогодишен период на нефункционирање ќе се санира со пари од турската општина Есенлер. Работите ги изведува Град Скопје, а додека трае интервенцијата пешаците не можат да го користат мостот за преминување од едната на другата страна на […]

Филипче предложи да се укине акцизата за горивата и ДДВ да се намали на 5 отсто


  Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција предложи конкретни мерки за намалување на цените на горивата кои ќе го намалат притисокот врз граѓаните. „Мерките од премиерот се задоцнети и  недоволни, намалување само на ДДВ. Затоа предлагаме владата да ги слушне граѓаните, да излезе од нивниот свет, замислен свет, да излезе премиерот од неговиот свет […]

Марк Карни неделава во ЕУ – може ли Канада да стане земја членка?


Канадскиот премиер Марк Карни ја нарекува Канада „најевропската од неевропските земји“, и иако формалното членство во ЕУ може да биде незгодно, тој се стреми до невидена блискост со блокот за да ја намали зависноста од непријателските САД.  Карни ќе биде првиот шеф на влада што ќе присуствува на говорот за состојбата на Европската унија, што […]

Можен е нов ребаланс на Буџетот. Се прават анализи, вели Димитриеска-Кочоска


  Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска не ја исклучи можноста до крајот на годинава да има нов ребаланс на Буџетот. Одговарајќи на парања на новинарите за време на пoсетата на граничниот премин „Табановце“, таа рече дека во време кога бил носен ребалансот на Буџетот во јули годинава, не можеле да се предвидат настаните кои […]

Пиперката „ајварка“ ги извади на блокади земјоделците од Пелагонија – мизерни цени, редуциран откуп 


  БИТОЛА – Земјоделците од Пелагонија, производителите на пиперката „куртовска капија“ го блокираа патот Прилеп – Битола незадоволни што пиперката намената за ајвар не се откупува или она што го оди на откуп е по мизерна цена од 15 денари за килограм. Поголема група на земјоделци го блокираа регионалниот патот Прилеп – Битола кај Тополчани, […]

Претседателските избори во Бугарија – прв тест за Радев откако е на власта


Со поддршка на премиерот Румен Радев, вршителката на должноста претседателка Илијана Јотова се стреми кон целосен претседателски мандат, ветувајќи повторно отворање на дипломатските канали со Русија – но се соочува со предизвик од кандидатот на опозицијата Андреј Ѓуров. По навидум бесконечна серија избори и краткотрајни администрации во Бугарија од 2021 до 2026 година, поранешниот бугарски […]

Владата не се откажува од изградба на дата центри


  Премиерот Христијан Мицкоски вели дека владата не се откажува од идејата за изградба на дата-центри затоа што светот и човештвото одат во таа насока и тој процес е неповратен. Тој рече дека владата не добила никаков допис од ЕУ дека се откажуваат од финансирање и давање грант за изградба на националниот дата центар. „Прашањето […]

Мицкоски за приведениот од Чекрези: Напишал дека сум свиња и дека ќе ме коле на плоштад


Премиерот Христијан Мицкоски денеска се огласи за заканите упатени кон него и неговото семејство преку социјалните мрежи, за кои Обвинителството утрово поведе постапка против 39-годишен жител на кумановското село Черкези. „Вчера дознав за тие закани кои се напишани на социјалните медиуми од ова лице, дека сум бил свиња и дека ќе ме колел на плоштад, […]

Без мерките дизелот ќе беше поскап за 11,5 денари за литар, вели Мицкоски


Доколку не се донесеа мерките (за намалување на акцизата и на данокот на додадена вредност, заб.), цената на дизел горивото ќе беше отприлика за 11-11,5 денари поскапа по литар, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.  Како што е познато, Влдата вчера донесе одлука за намалување на данокот на додадена вредност за дизел горивото од 18 на […]

Легендарниот Бојан Крижај се ожени на 70 години по повеќе од две децении врска


Поранешната југословенска и словенечка скијачка ѕвезда Бојан Крижај (69) се венча минатата сабота во Љубљанскиот замок. По повеќе од две децении врска, 69-годишниот Крижај се ожени со својата долгогодишна партнерка Шпела Жле. Церемонијата ја водеше градоначалникот на Љубљана Зоран Јанковиќ, а свадбата беше доста необична – два пријателски пара се венчаа во исто време. Двата […]

Хутите зазедоа уште два острови во Црвеното Море, нафтата скокна на 108 долари


  Јеменските бунтовници Хути ги зазедоа стратешките острови Голем и Мал Ханиш во јужниот дел на Црвеното Море, со што ја зајакнаа способноста на овие бунтовници, поддржани од Иран, да контролираат клучна поморска рута за транспорт. Во меѓувреме, Иран тврди дека Саудиска Арабија стои зад одлуката на Оман да се одложи состанокот на кој требаше […]

Националниот џез оркестар сезоната ја отвара со настапот на Дан Пугањ, добитник на Греми


Богата и разновидна програма до крајот на годината најавува Националниот џез оркестар којшто покрај настапите во земјава, веќе има резервирани настапи и во странство. Сезоната ја отвараат со настапот на Дан Пугањ, израелско-американски џез-тапанар и минатогодишен добитник на Греми награда кој со своето трио доаѓа на 7 октомври во Скопје. Националниот џез оркестар ќе настапи […]

Од полноќ дизелот станува поевтин од бензинот


Регулаторната комисија за енергетика ги утврди новите максимални малопродажни цени на горивата, кои ќе важат од полноќ. Од 00:01 часот на 15 септември, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по максимална цена од 100,50 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини 102,50 денари за литар. Двата бензини поскапуваат за по 3,50 денари за литар. Кај дизелот има поинакво […]

Левица: Партиски членови земаат државни плати како преставници во независни комисии


Наместо Државната второстепена комисија да биде гаранција за законитост, професионалност и непристрасност, истата е претворена во партиски штаб за ургенции од власта, платен со државни пари, оценува Левица објавувајќи серија фотографии поврзани со членовите на второстепената Комисија – Маја Бичиклиска,  Тања дедејска и Симона Лескароска каде, според партијата, јасно се манифестира нивната јавна поддршка и […]

TMZ: Хајден Панетиер починала од апче кое било контаминирано со фентанил


Смртта на актерката Хајден Панетиер наводно е предизвикана од една апче, а повеќе полициски извори веруваат дека станува збор за оксикодон измешан со фентанил. Истражителите се сомневаат дека таа го набавила лекот на црниот пазар од долгогодишен дилер. TMZ пишува за деталите од истрагата. Истрагата е фокусирана на дилерот Извори со директно познавање на случајот […]

Зверев го освои вториот гренд слем годинава. Во финалото на УС Опен Шелтон немаше шанси


  Откако ја започна сезоната очајнички трагајќи по својата прва голема титула, Зверев стана само четвртиот маж во „Опен ерата“ – по Џими Конорс, Гиљермо Вилас и Јаник Синер – кој ги освоил своите први две гранд слем титули во истата сезона. Тој ги урна надежите на Бен Шелтон да стане првиот црн Американец по […]

Поради отсуство на сведоци, одложено судењето против 13 полициски службеници поврзани со „Пулс“


Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска се одложи рочиштето во судскиот процес против 13 полициски службеници обвинети за тешки дела против општата сигурност, поврзани со трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“. Причината за одложувањето е неприсуството на сведоците предвидени за рочиштето. Како што информира судот, некои од поканите за сведоците се вратиле како неуредно доставени […]