Легендарниот Бојан Крижај се ожени на 70 години по повеќе од две децении врска


Поранешната југословенска и словенечка скијачка ѕвезда Бојан Крижај (69) се венча минатата сабота во Љубљанскиот замок. По повеќе од две децении врска, 69-годишниот Крижај се ожени со својата долгогодишна партнерка Шпела Жле.

Церемонијата ја водеше градоначалникот на Љубљана Зоран Јанковиќ, а свадбата беше доста необична – два пријателски пара се венчаа во исто време.

Двата пара се венчаа на ист ден
Покрај Крижај и Жле, нивното судбоносно „да“ го кажаа и нивните блиски пријатели Алеш Пељхан, поранешен нордиски координатор во Словенечкиот скијачки сојуз, и Нина Макуц, вработена во Словенечката антидопинг агенција.

Според словенечките медиуми, двата пара биле кумови еден на друг, а на интимната церемонија не присуствувале други гости.

Тие станале и покровители на лозите
Крижај и неговата сопруга станале и покровители на една од лозите засадени во Љубљанскиот замок.

Бојан Крижај е едно од најголемите имиња во словенечкото и поранешниот југословенски алпски скијачки спорт. Во текот на својата кариера, тој оствари осум победи на Светскиот куп, а особено се истакна во слалом. Во сезоната 1986/87, тој ја освои и Малата кристална топка за најдобар скијач во слалом на Светскиот куп.