Мицкоски за приведениот од Чекрези: Напишал дека сум свиња и дека ќе ме коле на плоштад
Премиерот Христијан Мицкоски денеска се огласи за заканите упатени кон него и неговото семејство преку социјалните мрежи, за кои Обвинителството утрово поведе постапка против 39-годишен жител на кумановското село Черкези.
„Вчера дознав за тие закани кои се напишани на социјалните медиуми од ова лице, дека сум бил свиња и дека ќе ме колел на плоштад, а упатил и пцовки кон мене и моето семејство“, изјави Мицкоски.
Тој рече дека како претседател на Владата очекува институциите да постапат во рамки на своите надлежности.
„Јас сум сепак институција. Кога не би било ова, знам како се решаваат тие работи, но претпоставувам дека институциите си ги презеле своите надлежности и преку Министерството за внатрешни работи го обезбедиле лицето“, рече Мицкоски.
Премиерот додаде дека очекува случајот понатаму да го процесуира правосудниот систем.
„Се надевам дека понатаму правосудниот систем ќе го спроведе истото и ќе му каже што му е местото“, изјави Мицкоски.