Се прават анализи дали ќе има нов ребаланс на Буџетот, вели Димитриеска Кочоска
Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска денеска не ја исклучи можноста до крајот на годинава да има нов ребаланс на Буџетот. Одговарајќи на парања на новинарите за време на псетата на граничниот премин Табановце, таа рече дека во време кога бил носен ребалансот на Буџетот во јули годинава, не можеле да се предвидат настаните кои што следеле, односно зголемување на кризата во Заливот и влијаниетоп врз цените на енергентите.
На прашањето дали има пореметувања во Буџетот и колку државната каса може да ја издржи кризата и дали има простор да се носат и други мерки, Димитриеска Кочоска рече дека приоритет на Владата се граѓаните и максимална заштита на граѓаните и во исто време и на стопанството.
„Секоја наша реакција што ја правиме и мерките ги носиме се со цел граѓаните да живеат подобро и тоа ќе остане и понатаму“, рече таа.
Димитриеска Кочоска посочи дека сепак, овие ситуации не беа соодветно планирани во ребалансот на Буџетот, имајќи во предвид дека во периодот кога бил подготвуван ребалансот состојбите биле помирни и не се очекувало дека можеби повторно ќе оди во сегашната (заострувачка) насока.
„Сега ги разгледуваме состојбите во Министерството за финансии, па ќе носиме одлука дали ќе одиме само со пренамена или ќе одиме со ребаланс на Буџетот“, рече министерката.
Таа додаде дека податоците со 10 септемеври покажуваат дека Буџетот се полни согласно планираното, иако, како што посочи, во делот на акцизите има одредени отстапувања.
„Меѓутоа, кај увозните давачки има раст од околу 10 отсто во однос на минатата година, кај ДДВ растот е 10,4 проценти, а повратот е за 10,1 проценти поголем во однос на минатата година, или тоа се 2,5 милијарди повеќе вратено ДДВ во однос на минатата година. Исто е со данокот на добивка, персоналниот данок, придонесите…“, рече Димитриеска Кочоска.
Таа нагласи дека состојбата кај акцизите се следи, и дека до крајот на неделата ќе има состанок со Царинската управа и со УЈП и врз основа и на нивни согледуавња ќе се носи одлука дали ќе има нов ребаланс или ќе се оди со пренамена на средства.
„Доколку се одлучиме за ребаланс, тоа не е нешто што е непознаница, и во претходните години кога имаше кризи се носеа по два ребаланси. Нормално е дека ваквите состојби кои што не зависат од нас не можат однапред комплетно да се предвидат“, рече таа.
На прашањето дали во Буџетот има простор и за други мерки Димитриеска Кочоска рече дека во овој момент не се разговараме за ништо друго, но декља состојбите се селдат.
„За дизелот е донесена одлука за две недели, ќе ги следиме состојбите и ќе носиме одлуки“, рече таа.
На прашањето дали до крајот на годинава се планира ново задолжување, со оглед на заострувањето на кризата, Димитриеска Кочоска рече:
„Не, апсолутно нема промени во задолжувањето, одиме по тоа како што е предвидено во ребалансот и според проекциите“.