Ангелов: Истече кризната состојба во Гостивар – водата е чиста и безбедна за пиење


Според последните анализи, водата во Гостивар е чиста и безбедна за пиење, а синоќа на полноќ истече и триесетдневната кризна состојба на територијата на општината, изјави попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. – Со истекувањето на кризната состојба, институциите од централната власт, вклучително и ЈП Водовод од Скопје се повлекуваат од […]

Концертот на Шакира и Кристина Агилера во Абу Даби откажан поради војната на Блискиот Исток


Концертот на американските и колумбиските пејачки Кристина Агилера и Шакира на музички фестивал во Абу Даби е откажан, бидејќи тековната војна на Блискиот Исток продолжува да ги нарушува настаните во регионот. Организаторите на музичкиот фестивал „Офлимитс“, кој беше закажан за ноември во главниот град на Обединетите Арапски Емирати, објавија дека ќе им ги вратат парите […]

Марк Цукерберг го купи ирскиот замок Странкали од 19 век


Извршниот директор и основач на „Мета“, Марк Цукерберг, го купил Странкали, замок во готски стил од 19 век со поглед на река во југоисточна Ирска, на 200 километри од европското седиште на неговата компанија, изјави денес портпаролот на компанијата. Замокот Странкали е изграден околу 1830 година на земјиште со поглед на реката Блеквотер и бил […]

Реал Мадрид е највредниот фудбалски бренд во светот трета година по ред


Реал Мадрид е највредниот фудбалски бренд во светот трета година по ред и најсилниот бренд петта година по ред, според податоците од списанието Brand Finance, објави мадридскиот клуб. Додадено е дека извештајот Football 50-2026 ја проценува вредноста на брендот на Реал Мадрид на 2,4 милијарди евра и резултат на сила од 95,8 од 100. Вредноста […]

Наградниот фонд на Отвореното првенство на САД достигна рекордни 108 милиони долари


Наградниот фонд на Отвореното првенство на САД во тенис се зголеми на рекордни 108 милиони долари, објавија денес организаторите на последниот Гренд слем турнир во годината. Ова е втора година по ред во која наградниот фонд се зголеми за 20 проценти. Шампионот во поединечна конкуренција на Отвореното првенство на САД ќе заработи по 5,5 милиони […]

Нуклеарната централа Козлодуј во Бугарија го намалува производството поради ниското ниво на Дунав


 Бугарската нуклеарна централа „Козлодуј“ е принудена да го намали производството бидејќи реката Дунав се повлекува поради суша, соопшти денеска бугарското Министерство за енергетика. Се наведува дека производството на Блок 5 од „Козлодуј“ ќе биде намалено од утре за околу 120 мегавати. Блокот 5 има капацитет да генерира нешто повеќе од 1.000 мегавати. Одлуката е дел […]

ВМРО-ДПМНЕ реагира: Абази го спаси Филипче


ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека поранешниот министер за здравство, Венко Филипче, имал директна одговорност за поставувањето на модуларните болници за време на ковид кризата, дека не потпишал технички спецификации и не бил изработен елаборат за електричната инсталација, а  тетовскиот објект бил поставен над резервоар на бензинска станица. „Ислам Абази го спаси Филипче“, изјави портпаролот Валентин Манасиевски, обвинувајќи […]

Во Србија горат повеќе од 3.500 хектари, руски „Иљушин“ се вклучи во гаснењето


Белград – Руски противпожарен авион Иљушин Ил-76 денеска се вклучи во гаснење голем пожар во природниот резерват Делиблатско песочиште во Србија, каде што досега изгореа повеќе од 3.500 хектари шума и вегетација. Иљушин слета во Ниш синоќа, а денеска се вкчучи во гаснењето во координација со хеликоптерската единица на српското МВР. Може да исфрли до […]

Цените на природниот гас двојно повисоки од почетокот на годината


Цените на природниот гас во Европа се зголемија за околу 120 проценти од почетокот на годината, а со ниското ниво на залихи во складиштата и ризиците од прекини во снабдувањето, европскиот пазар би можел да биде под дополнителен притисок пред зимата. Уште еден топлотен бран и рекордни температури ја зголемуваат побарувачката за електрична енергија, а […]

Унгарската национална телевизија емитуваше вести по пауза од 44 денови


Будимпешта –     Унгарскиот јавен медиумски сервис денеска ги емитуваше првите вести по 44 дена, со што заврши прекинот на програмата нареден во јули од владата на Петер Маѓар, која вети дека ќе ја врати независноста на јавните медиуми. Главниот јавен телевизиски канал, М1, престана да емитува информативна програма на 7 јули, кога беа започнати […]

Прв случај на вирусот Западен Нил на Кипар


Никозија – Во Република Кипар потврден е прв случај на вирусот Западен Нил за оваа година, а според инфектологот Аристос Аристодиму, пациентот е 70-годишен маж, кој е во тешка состојба и се лекува во Одделот за интензивна нега во општата болница во Никозија, објави кипарската новинска агенција ЦНА, јави дописничката на МИА од Атина. Аристодиму, […]

Бура и поплави во Италија: „Нè погоди водена бомба“


Силна бура проследена со дожд ја погоди италијанската област Лигурија. Во Кјавари, наврнаа 126 милиметри дожд на квадратен метар за само два часа. https://x.com/sulsitodisimone/status/2090339584936653170?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E2090339584936653170%7Ctwgr%5E48c349693d92ba989890abb47b94893a0db6fcde%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.tportal.hr%2Fvijesti%2Fclanak%2Fnevrijeme-poharalo-susjednu-zemlju-bilo-je-i-poplava-pogodila-nas-je-vodena-bomba-20260820   Силна бура проследена со дожд ја погоди италијанската област Лигурија. Поплави се регистрирани во неколку градови, а најлошо е во Кјавари и Лавања, градови во близина на Џенова, објавува „Кориере […]

Нов проект: Обновување на речната поврзаност во Преспа


Започнуваме нов проект за мапирање и проценка на речните бариери во преспанското сливно подрачје, со визија за реставрација на природниот тек на реките и унапредување на условите за опстанок на загрозената преспанска пастрмка (Salmo peristericus).   Проектот се фокусира на реките Голема Река, Лева Река, Брајчинска, Кранска, Курбинска и Источка Река, кои се влеваат во […]

Топлинските бранови одземаат животи: Германија бележи рекорден број на смртни случаи


Погодена како и остатокот од Западна Европа од невидена серија топлотни бранови, Германија го доживеа своето најсмртоносно лето досега со околу 14.000 смртни случаи поврзани со топлотни бранови, покажаа привремените бројки објавени денеска. Бројките од Институтот Роберт Кох (RKI), здравствениот орган на Германија, даваат проценка за бројот на смртни случаи поврзани со топлотни бранови до […]

Пожарите во Европа ќе се зголемат за 39% дури и во најдоброто климатско сценарио


Површината на опожарени подрачја во Европа до крајот на векот ќе се зголеми за 39 проценти, дури и во најдоброто климатско сценарио, доколку не се преземат конкретни мерки за поефикасно управување со пожарите. Ова го покажува новата студија објавена од Гардијан. Топлото, суво и ветровито време, што ги претвора малите пожарни линии во големи пожари, […]

Цените на превозот на товар се зголемуваат, побарувачката за танкери расте


Зголемената побарувачка за танкери за нафта од Мексиканскиот Залив ги крена цените на бродовите на рекордни нивоа, бидејќи земјите од Блискиот Исток бараат начини за извоз на товар и покрај тековните штрајкови на бродовите. Цената на новоизградените и модерните половни бродови во најголемата класа на танкери за нафта достигна повеќе од 130 милиони долари во […]

Доктор Даница Стевковска – нов државен секретар во Министерството за здравство


Доктор Даница Стевковска е нов државен секретар во Министерството за здравство, информираше попладнево министерот Сашо Клековски. – Имам чест и задоволство да ја именувам д-р Даница Стевковска за државен секретар во Министерството за здравство. Стевковска е доктор на стоматологија, од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. По повеќе години работа како стоматолог од 2015 […]

Не е шега: Украинецот осомничен дека го разнел Северен тек бил уапсен во Пула на снимање филм за саботажата


Вчерашното апсење во Пула на украинскиот нуркач Володимир Журављов, кого германското судство го сомничи за разнесување на гасоводот Северниот тек во 2022 година, се случи под надреални околности. Според германскиот правен портал Legal Tribune Online (LTO), осомничениот Украинец е уапсен во Хрватска додека снимал холивудски филм што се занимава со саботажата на Северниот тек. Според […]

АХВ официјално побара вакцини од Турција и Европската комисија


Агенцијата за храна и ветринарство (АХВ) доставила информација за донација на вакцини против сипаници кај овците до Европската Комисија и до Република Турција соопштуваат денеска од таму и од Министерството за земјоделство, по големиот број на угинати овци. Во соопштението се наведува дека експертската група континуирано се состанува и донесува соодветни мерки, а дополнително, повторно […]

Се намножија националните координатори – сега се 8 со плата околу 2 илјади евра


Плата од околу 120 илјади денари. Нивната работа останува мистерија за јавноста. Никој не знае што точно „координираат“ дури и во влада која има повеќе ресори од прстите на двете раце и двете нозе. Имаат и заменици и помошници. Ретко ги има во јавноста. Иако се дел од извршната власт, не постои посебен закон или […]