Триесет и пет полицајци полицајци повредени во нереди на натпревар од Купот на Германија


Манхајм – Триесет и пет полицајци беа повредени, а неколку фудбалски навивачи беа приведени во нередите на синоќешниот натпревар од Купот на Германија меѓу Валдхоф Манхајм и Кајзерслаутерн, соопшти полицијата.

Вкупно 85 лица побараа медицинска помош, а осуммина беа префрлени во болница, пренесува ДПА. 

Околу 23.500 гледачи присуствуваа на натпреварот на стадионот Карл-Бенц во Манхајм во петокот вечерта, вклучувајќи околу 3.500 гостински навивачи.

Атмосферата беше вжештена во текот на целиот натпревар, а пиротехнички средства постојано се активираа на трибините.

Ситуацијата ескалираше пред карајот на натпреварот. По конфронтација меѓу играчите, некои навивачи на Кајзерслаутерн испукаа огномет во просторот за седење на трибините, што ги натера навивачите на Манхајм да влезат на теренот.

Полицијата интервенираше за да ја стави ситуацијата под контрола. Беше предизвикан и пожар на гостинскиот дел од трибините кој пожарникарите го изгаснаа.

Натпреварот накратко беше прекинат, но по смирувањето на ситуацијата играта продолжи.

Полицијата истражува низа сомнителни прекршоци, вклучувајќи напад, оштетување на имот, нарушување на јавниот ред и мир, напади врз полицајци и прекршување на законите за експлозиви.

– Ова не беше нормално дерби. Секој што го злоупотребува фудбалот како сцена за насилни ексцеси, намерно ги загрозува другите навивачи и, пред сè, ги повредува безбедносните сили, не е навивач, туку криминалец, рече министерот за внатрешни работи на Баден-Виртемберг, Мануел Хагел.

Кајзерслаутерн го доби натпреварот со 1-0 со гол во последната минута од продолженијата и се пласираше во втората рунда од Купот.