Рељиќ донесе прва македонска победа на Медитеранските игри во Таранто
Најдобрата македонска таеквондистка, Милијана Рељиќ, го стартуваше настапот на Медитеранските Игри со сигурна победа во осмафиналето во категоријата до 57 килограми.
Македонката без проблеми славеше во дуелот со Ана Куорво, добивајќи ја борбата со резултат 2:0 и веќе може да се подготвува за следниот предизвик.
Рељиќ во денешното четвртфинале ќе се соочи со Шаима Туми од Тунис, а борбата е закажана за во 15:38 часот.
Борбите во оваа категорија се планирани за денеска, што значи дека евентуалните следни успеси на Рељиќ ќе значат дека би се појавила и во финалето закажано за околу 18:40 часот.
Денеска на Медитеранските игри во истиот спорт настапи и Христијан Симоновски, кој загуби во првата рунда во категоријата до 68 килограми и тоа од Денис Барета од Италија.