Без вода дел од Горно Лисиче и село Лисиче


Фото: Б. Грданоски

Од 11:00 часот денеска вода нема да имаат корисниците на дел од улицата „Ѓорги Капчев“ во Горно Лисиче и село Лисиче.

Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, причина за прекинот е уличен дефект на водоводна мрежа на „Ѓорги Капчев“.

Вода нема да има до завршување на зафатот.