ЕУ едногласно ја потврди поддршката за Украина и ги продолжи санкциите против Русија


Брисел – Лидерите на 27 земји-членки на Европската Унија синоќа на Самитот во Брисел едногласно усвоија заклучоци за поддршка на Украина, што е првпат од март минатата година таков документ да биде поддржан од сите членки. Од март 2025 година, тогашниот унгарски премиер Виктор Орбан го блокираше усвојувањето заеднички заклучоци, поради што останатите земји-членки беа […]

Одземено „Порше“ – приведен возач од Србија кој управувал со 188 километри на час


Полициски службеници синоќа привеле српски државјанин кој со „Порше“ возел 188 километри на час на автопатот Куманово–Скопје, кај клучката „Рафинерија“., го привеле Б.С.(30) од Република Србија бидејќи со возило „Порше“ возел со недозволена брзина. – При контрола во патниот сообраќај, извршена со радар, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „Порше“ со српски регистарски ознаки, управувано […]

Повеќе од 20.000 навивачи на Босна и Херцеговина скандираа на стадионот, бучавата достигна 111 децибели


Лос Анџелес – Повеќе од 20.000 навивачи на Босна и Херцеговина создадоа одлична атмосфера на натпреварот против Швајцарија во Лос Анџелес, а колку гласна беше поддршката за „Змејовите“ покажува фактот дека бучавата на стадионот достигна 111 децибели. Официјалниот мерач на бучава на стадионот ја регистрираше оваа импресивна бројка за време на натпреварот, потврдувајќи го она […]

СП 2026: Ромо донесе победа за Мексико


Гвадалахара – Фудбалерите на Мексико со победата од 1:0 над Јужна Кореја обезбедија пласман во следната рунда од Светското првенство. Тие ја постигнаа и втората победа и со шест бодови се на првата позиција во А групата. Стрелец на единствениот гол беше Луис Ромо во 50.минута. На првиот дуел од групата Чешка и Јужна Кореја […]

Речиси сите патници од крузерот зафатен со хантавирус пуштени од карантин во Холандија


Ротердам – Речиси сите патници и членови на екипажот на крузерот „Хондиус“ што беше жариште на хантавирус, добиле дозвола да се вратат во своите домови по завршувањето на карантинот во Холандија, соопшти генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус. Според податоците на СЗО, на бродот се регистрирани и потврдени 12 случаи, како и еден […]

Концерти на дводневната манифестација „Ритамот на чаршијата“


Во старата скопска чаршија денеска и утре ќе се одржат концерти од разни жанрови во рамки на третото издание на манифестацијата „Ритамот на чаршијата“. Како што соопшти Детскиот културен центар „Карпош“, концертите ќе се одржат на плоштадот „Филип Втори – Карпошово востание“ и Музејот на македонската борба. Од  19 часот вечер со македонска изворна музика […]

„Три Марии“ на руски


Во Москва излезе од печат романот „Три Марии“ на Оливера Ќорвезироска, како осмо дело во проектот „Македонскиот роман на 21 век“ коj Олга Панкина, познат популаризатор на македонските културни вредности во Русија, го конципира и почна да го реализира во 2014 година во соработка со реномираниот руски издавач Центар за книга „Рудомино“ кој обезбедува натамошна дистрибуција […]

Дел од населбата Карпош 1 денеска без вода


Поради дефект на приклучна водоводна цевка на бул. „Партизански одреди“ 48 А денеска прекинато водоснабдување ќе бидат делод корисниците на улицата „Мајаковска“ и дел од булеварот „Партизански одреди“. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот до завршување на работните активности.

Сончево и топло, попладнe можен краткотраен пороен дожд


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени Целзиусови. Во […]

СП 2026: Канада го победи Катар со 6:0


Ванкувер – Репрезентацијата на Канада оствари убедлива победа од 6:0 против Катар на ноќешниот дуел од 2.коло од групата Б одигран во Ванкувер. Јунак на натпреварот беше Џонатан Дејвид кој постигна три голови, а репрезентацијата на Катар дуелот го заврши со девет играчи поради двата црвени картона на Хомам Ахмед (33.минута) и Асим Мадибо (51.минута). […]

СП 2026: Босна и Херцеговина убедливо поразена од Швајцарија


Лос Анџелес– Репрезентацијата на Швајцарија ја постигна првата победа на Мундијалот откако синоќа ја совлада Босна и Херцеговина со 4:1. По изедначеното прво полувреме, во вториот дел головите беа постигнати во последните 15 минути. Швајцарија првиот гол го постигна во 74.минута кога Јохан Манзамби одлично реагираше на една одбиен топка во противничкиот 16-тник и со […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 19  јуни 2026 година, 170-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат  195 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 12 минути. Денов трае 15 часа и 14 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина ќе изгрее во […]

Иранската ѕвезда Парасту Ахмади осудена на 74 удари со камшик за пеење без хиџаб


  Иранската пејачка Парасту Ахмади и осум членови на продуцентскиот тим, вклучувајќи музичари, наводно се осудени на 74 камшикувања поради настап на концерт емитуван во живо на Јутјуб каналот на Ахмади во 2024 година. Според судските документи, кривичниот суд во покраината Ком ги осудил уметниците на камшикување, двегодишна забрана за напуштање на земјата и двегодишна […]

Цените на нафтата паднаа под 78 долари, но залихите се на најниско ниво од 1990 година


Цените на нафтата паднаа под 78 долари на меѓународните пазари денес, што одразува бран оптимизам кај трговците по потпишувањето на рамковниот документ за преговори меѓу САД и Иран, кој предвидува отворање на Ормускиот теснец и дозволи за извоз на иранска нафта. На лондонскиот пазар, барелот се тргуваше попладне за 2,03 долари пониска цена за барел, […]

Нобеловецот Пол Кругман во Хрватска: Во денешниот свет постојат три големи сили


Нобеловецот Пол Кругман денес, за време на предавањето на конференцијата на Економскиот факултет во Риека, изјави дека живееме во мултиполарен свет во кој нема доминантна суперсила, туку три моќни сили: САД, Кина и ЕУ, и дека Европа сега има многу поголема автономија и способност да ја обликува својата судбина. Познатиот американски економист и професор Пол […]

СП 2026: Во Атланта без победник Чешка и Јужна Африка одиграа 1:1


Второто коло на Светското првенство стартуваше со нерешен резултат откако во првиот натпревар Чешка и Јужна Африка одиграа нерешено 1:1. За две репрезентации ова е прв бод, откако во првото коло загубија. Чешка поведе во 6.минута со голот на Михал Садилек, додека Јужна Африка изедначи во финишот со голот од пенал на Техобо Монокоена во […]

СВП годинава во нов термин – место во август, во јуни


65. издание на СВП, годинава стартува во нов термин, наместо во август, од 24-29 јуни, заради привлекување на нова публика, и заштеди. И годинава ќе ги има стандардните – поетски читања за отворањето и затворањето на фестивалот („Меридијани“ и „Мостови“), книжевниот портрет на венценосецот – холандската поетеса Анекe Брасинга, во црквата „Света Софија“ во Охрид… […]

Жители на Москва пријавуваат „црн дожд“, по украинскиот напад со дронови


Жители на југоисточниот дел на Московската област пријавија појава на „црн“ и мрсен дожд по најголемиот украински напад со беспилотни летала од почетокот на војната, во кој, според руските власти, биле лансирани речиси 200 дронови кон Москва. По нападот, над погодената нафтена рафинерија се издигнаа густи столбови чад, а во Московската област повредени се 17 […]

Министерот Љутков пловеше по Вардар


Министерот за култура Зоран Љутков денес како учесник ја промовираше 26. Вардарска регата „Гемиџии“ 2026. – Пловам по Вардар, следејќи го патот на Гемиџиите, со длабока почит кон нивната храброст, идеалите и трагата што ја оставиле во историјата. Ова не е само пат по вода, ова е пат низ спомени, вредности и пораки кои и денес […]

Второ коло на СП, еве кој игра вечерва


Денес од 18:00 часот започнува второто коло од групната фаза на Светското првенство. Ќе играат Чешка и Јужна Африка, две репрезентации кои ги загубија првите натпревари од останатите противници од групата Мексико и Јужна Кореја. Репрезентацијата на Босна и Херцеговина вечерва го игра вториот натпревар на СП 2026 година. Противник ѝ е Швајцарија, а мечот […]