СП 2026: Во Атланта без победник Чешка и Јужна Африка одиграа 1:1
Второто коло на Светското првенство стартуваше со нерешен резултат откако во првиот натпревар Чешка и Јужна Африка одиграа нерешено 1:1. За две репрезентации ова е прв бод, откако во првото коло загубија.
Чешка поведе во 6.минута со голот на Михал Садилек, додека Јужна Африка изедначи во финишот со голот од пенал на Техобо Монокоена во 83.минута.
Во групата А на првите две места се репрезентациите на Мексико и Јужна Кореја со по три бода. Овие две репрезентации својот натпревар од 2.коло го играа вечерва во 03 часот по полноќ во Гвадалахара.
Вечерва се играат и два дуела од 2.коло од Б групата: Швајцарија – Босна и Херцеговина (почеток 21 часот) и Канада – Катар (почеток на полноќ).