Второ коло на СП, еве кој игра вечерва


Денес од 18:00 часот започнува второто коло од групната фаза на Светското првенство. Ќе играат Чешка и Јужна Африка, две репрезентации кои ги загубија првите натпревари од останатите противници од групата Мексико и Јужна Кореја.

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина вечерва го игра вториот натпревар на СП 2026 година. Противник ѝ е Швајцарија, а мечот од групата Б е закажан за 21:00 часот. Натпреварот се игра во Инглвуд, односно Лос Анџелес. БиХ и Швајцарија во мечот влегуваат по ремито во првото коло. Репрезентацијата на Босна и Херцеговина одигра 1:1 против домаќинот Канада, а Швајцарија со истиот резултат ремизираше против Катар. На хартија, Швајцарија е најопасната репрезентација во оваа група.