Министерот Љутков пловеше по Вардар
Министерот за култура Зоран Љутков денес како учесник ја промовираше 26. Вардарска регата „Гемиџии“ 2026.
– Пловам по Вардар, следејќи го патот на Гемиџиите, со длабока почит кон нивната храброст, идеалите и трагата што ја оставиле во историјата. Ова не е само пат по вода, ова е пат низ спомени, вредности и пораки кои и денес нè поврзуваат.Вардар не е само река, тој е врска меѓу луѓето, приказните и генерациите, објави министерот на социјалните мрежи.

Со околу 60 учесници, предводени од Извидничкиот одред „Димитар Влахов“ – Велес, продолжува регатата како традиција која со години го поврзува Велес со Солун.