Јапонскиот јен падна на најниско ниво во последните 40 години


Јапонскиот јен падна на најниско ниво во однос на американскиот долар од 1986 година во вторник, држејќи ги инвеститорите на штрек за можна интервенција од страна на јапонските власти. Јенот падна на 162,19 за долар до 1:27 часот по источно време, најниско ниво во последните четири децении. Јапонскиот министер за финансии Сацуки Катајама изјави во […]

Босна – нова точка за конфликт меѓу САД и Европа


  Босна и Херцеговина ризикува да стане најновата жариште во трансатлантските тензии, додека ЕУ и САД се судираат околу тоа кој треба да го надгледува кревкиот повоен поредок на земјата, отворајќи нови прашања за западното единство на Западен Балкан. Советот за спроведување на мирот (СИМ), кој го надгледува спроведувањето на Дејтонскиот мировен договор од 1995 […]

Универзитетот „Гоце Делчев“ со нула толеранција за корупција, по приведувањето на професорката што зела мито


Во врска со информациите за приведена професорка од Универзитет „Гоце Делчев“ од Штип, велат „имаме нулта толеранција за корупција“. Во академската заедница нема место за никој што ја злоупотребува својата позиција, го нарушува интегритетот на образованието и ја изневерува довербата што му е дадена. За жал, ниту еден систем не е целосно имун на поединци […]

Гаши на состанок на организацијата за црноморска соработка во Грузија


  Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на генералното собрание на Парламентарното собрание на Организацијата за црноморска економска соработка (ПАБСЕК), што се одржува на 30 јуни и 1 јули 2026 година во Тбилиси, Грузија. Како што соопшти собраниската прес-служба, на свеченото отворање на Генералното собрание, Гаши се обратил со говор пред делегациите на земјите изразувајќи […]

Аеродром продава плац до Вардар за спортски објекти и за хотел


Две петтини за хотел или за конференциски простор, а три петтини за спорт и рекреација. Ова се намените на парцелата со приближна големина на три фудбалски игралишта покрај кејот на Вардар во скопската населба Аеродром што општината планира да ја продаде со јавно наддавање. Просторот од околу 23 илјади квадратни метри се наоѓа веднаш до […]

Одложено одењето на Стевчо Јакимовски во затвор


  Поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, требаше од 2 јули да почне да ја издржува казната затвор од една година во затворот во Шуто Оризари, но тој таму нема да замине. Барем засега. Јакимовски побара одложување на издржувањето на затворската казна поради здравствени причини. Тој има операции на карцином. Од Кривичниот суд денеска информираа […]

Герасимовски: Срамота е што советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ги блокира вработувањата во основните училишта


Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, остро реагираше откако советничката група на ВМРО-ДПМНЕ не ја поддржа предлог-одлуката за вработување технички персонал во основните општински училишта. „Искрено, разочаран сум од тоа што го гледам. Советници да гласаат против подобри услови за децата во училиштата е навистина несфатливо. Денес се училиштата, утре ќе бидат градинките. Толку ли […]

(Видео) Хорор сцена во Канада: Жена успеа да се спаси од мечка на неверојатен начин


  Жена во Алберта, Канада, имала застрашувачко искуство кога се соочила со гризли мечка додека го шетала своето куче. Како што можете да видите на снимката што ја снимила со нејзината камера за автомобил, таа се обидела да ја избрка, но мечката продолжила да ја следи додека таа се обидувала да се оддалечи од местото […]

Брзата помош во Скопје ќе стане посебна институција – наскоро 100 нови амбулантни возила


Министерот за здравство Азир Алиу најави дека проектот за набавка на 100 нови амбулантски возила ќе донесе значително подобрување на системот за итна медицинска помош и ќе овозможи воведување на современи услуги во реално време. „При крајот сме на проектот наредната недела ќе се комплетира за 100 нови амбулантски возила, кои ќе претставуваат дополнителна вредност […]

Дурмиши: Сто административни постапки ќе бидат поедноставени и скратени


Во изминатите две години создадовме политики што носат конкретни ефекти, а една од нашите најголеми одговорности беше заштитата на животниот стандард на граѓаните – рече денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши на прес-конференција за отчет за сработеното. Според Дурмиши, остануваат бројни предизвици, но реформите што ги започнале се цврста основа за поконкурентна, поиновативна […]

Алиу го пушти во употреба реконструираниот Здравствен дом во Куманово, инвестирани 6 милиони денари


Министерот за здравство, Азир Алиу, утрово, го посети реконструираниот објект на Здравствен дом Куманово во населбата „Тоде Мендов”, каде што е извршена целосна реконструкција на приземјето на објектот со вкупна површина од 250 квадратни метри. Објектот има значајна улога во системот на превентивна здравствена заштита и служи како центар за спроведување на училишна вакцинација за […]

Корупција во здравството: Се плаќа за побрз преглед кај специјалист, кревет или операција без чекање


Речиси 84 отсто од здравствените работници сметаат дека корупцијата е делумно или многу распространета во секторот во кој работат, но само 14 проценти од нив признаваат дека биле лично вклучени или сведочеле на коруптивен чин во нивната установа. Здравствените работници се свесни за присуството на корупцијата, но најголем дел од нив ја прифаќаат како нормализирана […]

Меч од „Војна на ѕвездите“ на претстојната аукција на „Херитиџ“ понуден со почетна цена од милион долари


 Светлосен меч на Лук Скајвокер од „Војна на ѕвездите“, шапка од вештерката „Злобница“ и рачно напишани текстови на Џон Ленон се меѓу филмските и музички предмети што ќе бидат понудени на наддавање претстојниов месец. Аукцијата насловена „Холивуд и забавата“ на американската куќа „Херитиџ окшнс (Heritage Auctions)“, беше најавена со претставување на вредните предмети во Њујорк […]

До петок нестабилно време со повремени врнежи од дожд


Под влијание на серија влажни воздушни бранови, до петок во земјава ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, со повремени врнежи од дожд и грмежи. Според Управата за хидрометеоролошки работи, на повеќе места ќе има локално поинтензивни процеси во форма на невреме, проследени со пороен дожд со количина поголема од 15 литри на квадратен метар, […]

Наоми Осака на Вимблдон со кимоно инспирирано од ликот на Луси Лиу во „Убиј го Бил“


Лондон— Строгите правила на Вимблдон за целосно бела облека не ја спречија Наоми Осака да даде уште една модна изјава додека одеше на тревата во Ол Ингланд Клубот во понеделник. Осака, која има навика да создава возбуда со своите креативни облеки на неодамнешните Гренд Слем турнири, носеше лелеаво кимоно со нишачки ракави и раскошен вез […]

Вучиќ ги повлече законите за судството, ЕУ планира да ја награди Србија


  БРИСЕЛ — ЕУ изготвува планови за награда на Србија за повлекување на контроверзните закони, со цел да ја поттикне земјата да престане да назадува кон демократијата. Минатата недела, српскиот парламент го поддржа олабавувањето на контроверзните правила за кои меѓународните правни експерти предупредија дека ќе ја поткопаат независноста на судството и ќе ја ослабнат борбата […]

Уапсена професорка на универзитетот во Штип – примала поткуп од студент


Лишена од слобода професорка на универзитетот во Штип поради примање поткуп, побарала и примила пари од студент за да положи испит. На 29.06.2026 во 11:45 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ја лишиле од слобода Т.А.(39) од Штип поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „примање поткуп“. Претходно, на 22.06.2026 К.Б.(26) […]

Пожар на дива депонија во Шуто Оризари


Пожар утринава избувна на дива депонија во скопската населба Шуто Оризари, а екипи на Бригадата за противпожарна заштита интервенираат на терен. Од Министерството за внатрешни работи  потврдија дека пријавата за пожарот е примена денеска во 7 часот. „Денеска во 07:00 часот во Секторот за внатрешни работи – Скопје е пријавено дека во населбата Шуто Оризари […]

Дефект на Хируршките клиники, се откажуваат операции, велат од СДСМ


  Се откажуваат однапред закажаните операции во Клиничкиот центар и оние за кои е проценето дека не се итни поради дефект на системот, изјави денеска Рената Младеновска, член на Извршниот одбор на СДСМ. На прес-конференцијата во Клиничкиот центар, таа рече дека се откажани операции на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и […]

Уште еден значаен успех за македонската архитектура и градежништво!


Со гордост го одбележуваме успешното завршување и навремено предавање на новата Управна зграда на Стопанска банка, во рамки на проектот Гранд Скопје, реализиран преку извонредна соработка помеѓу инвеститорот MG Fashion, архитектонското студио Syndicate Studio и целиот проектен тим. MG Fashion е компанија со децениско искуство, активна во областа на недвижностите, специјализирана за инвестирање и изградба […]