Меч од „Војна на ѕвездите“ на претстојната аукција на „Херитиџ“ понуден со почетна цена од милион долари
Светлосен меч на Лук Скајвокер од „Војна на ѕвездите“, шапка од вештерката „Злобница“ и рачно напишани текстови на Џон Ленон се меѓу филмските и музички предмети што ќе бидат понудени на наддавање претстојниов месец.
Аукцијата насловена „Холивуд и забавата“ на американската куќа „Херитиџ окшнс (Heritage Auctions)“, беше најавена со претставување на вредните предмети во Њујорк во петокот, а ќе се одржи онлајн и во Далас од 13. до 17 јули. Меѓу најскапите предмети е светлосниот меч на Скајвокер, употребен од глумецот Марк Хамил во „Војна на ѕвездите: Епизода V – Империјата го возвраќа ударот“, заедно со имитација на отсечена рака – со почетна понуда од милион долари.
– Ова е неверојатен пример за практичен ефект. Не секогаш гледате реквизити како овој направени, повторно ќе речам – во 80-тите… Тоа е од последната битка меѓу Дарт Вејдер и Лук Скајвокер во реакторот, рече Ники Хејл, менаџер за специјални проекти во „Херитиџ“.
Дарт Вејдер му ја сече раката на Скајвокер во дуелот во кон крајот на филмот, неколку мигови пред легендарната реченица: „Јас сум ти татко“! Хејл истакна дека овој реквизит никогаш порано не бил јавно понуден на аукција.
Шапката на Злата вештерка од Западот што ја носела Маргарет Хамилтон во „Волшебникот од Оз“ е првично проценета на 100.000 долари, со комеморативните рубински чевли направени од „Вестерн костјум компани“ за да се одбележи 50-годишнината од филмот.
На наддавањето, ќе се најде и она што Хејл го опиша како најголемата колекција на „ховерборди“ на едно место – од филмот „Враќање во иднината II“ – со тоа што една „лебдечка даска“ ќе има почетна цена меѓу 25.000 и 100.000 долари. Ќе биде понудена и цилиндар-шапка „Вили Вонка“ со фотографија од Џин Вајлдер со неа, проценета на најмалку 270.000 долари, ѓерданот на Мери Шели, т.е. глумицата Елса Ланчестер од филмот „Невестата на Франкенштајн“ и оригинални рачно напишани стихови на Џон Ленон за песната „If I Fell (Ако паднам)“ – со почетна цена од 600.000 долари.