Дефект на Хируршките клиники, се откажуваат операции, велат од СДСМ


Фото: Б. Грданоски

 

Се откажуваат однапред закажаните операции во Клиничкиот центар и оние за кои е проценето дека не се итни поради дефект на системот, изјави денеска Рената Младеновска, член на Извршниот одбор на СДСМ.

На прес-конференцијата во Клиничкиот центар, таа рече дека се откажани операции на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентниот центар.

„Кога во хируршките сали нема услови за работа, не се одложуваат само операции.
Се одложуваат нечии надежи за оздравување, се продолжува нечија неизвесност, се доведува во прашање безбедноста на пациентите.

Кој гарантира дека одложувањата се безопасни, кој ќе сноси одговорност ако се случат компликации поради чекање за операција? На една влада, секој пациент треба да и биде важен. Здравјето и нечиј живот не смее да се третираат селективно“, рече Младеновска и побара итно санирање на дефектот.