Аеродром продава плац до Вардар за спортски објекти и за хотел
Две петтини за хотел или за конференциски простор, а три петтини за спорт и рекреација. Ова се намените на парцелата со приближна големина на три фудбалски игралишта покрај кејот на Вардар во скопската населба Аеродром што општината планира да ја продаде со јавно наддавање. Просторот од околу 23 илјади квадратни метри се наоѓа веднаш до хотелот „Русија“, а намените се определени во Деталниот урбанистички план, кој општината го усвоила во 2014 година, пишува Призма.

Парцелата оди на продажба на 1 јули, со почетна цена од 2.032 денари, а наддавањето е предвидено да трае 15 минути. Купувачот потоа ќе има рок од една година да подготви проект и да обезбеди градежна дозвола, и вкупно 10 години да го изгради тоа што го предвидува планот.
Целиот кеј на Вардар покрај Аеродром и Ново Лисиче е замислен како комплекс со разни спортски и рекреативни содржини. Овие намени досега не предизвикуваа доволен интерес кај градежните инвеститори, кои на големо работат во зоните предвидени за станбени згради од спротивната страна на Вардар, како и во други делови од градот.
Целиот текст ТУКА