Работа на наставниците е да ја претстават својата струка за да привлечат ученици во средното образование


Само три ученици се запишале во првиот уписен рок во средното земјоделско училиште „Кузман Шапкарев“ во Битола, а бидејќи овој број по закон е недоволен за формирање паралелка, деветтоодделенците ќе мора да се презапишат во друга струка, соопшти министерката за образование и наука, Весна Јаневска, вчера, при што ги повика наставниците поажурно да ја презентираат […]

Инфантино за паузите за вода: Тие не генерираат дополнителни приходи за ФИФА


Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, објасни зошто паузите за вода се воведени на сите натпревари од Светското фудбалско првенство во 2026 година. – Главната причина е топлината, но исто така мора да разбереме дека во натпреварување како Светското првенство, кое се одржува во текот на 39 дена, тимовите потенцијално можат да одиграат осум натпревари во […]

Лепа Брена ќе пее на 29 август во Крива Паланка


Општина Крива Паланка официјално го најавува еден од најголемите музички настани во поновата историја на градот. На 29 август, на Градскиот стадион во Крива Паланка, ќе настапи најголемото музичко име на Балканот – Лепа Брена. Легендарната музичка ѕвезда, чии песни со децении ги обединуваат генерациите низ целиот регион, ќе приреди концертен спектакл во Крива Паланка, […]

Лансирани патики што личат на фудбалска топка


Најк го лансираше Total 90 во изданието „бело/црно“, со кожен горен дел со шестоаголни шевови во наједноставната комбинација на бои досега. Моделот ги задржува асиметричните врвки и рамниот гумен ѓон, карактеристични за серијата Total 90 lifestyle, додека белата и црната завршница дополнително го нагласуваат моделот на шевови што имитира фудбалска топка, пишува Hypebeast. Дизајн инспириран […]

Владо Бучковски избран за претседател на Универзитетскиот сенат на УКИМ


Професорот Владо Бучковски од Правниот факултет „Јустинијан Први“ е избран за претседател на Универзитетскиот сенат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Изборот бил направен на конститутивната седница на новиот состав на Универзитетскиот сенат, одржана на 23 јуни. Новиот состав на Сенатот е избран за мандатниот период од 1 јули 2026 година до 1 […]

Јелена Јованова и Гораст Цветковски ќе бидат Лефти и Рајти


Харизматичата Јелена Јованова ќе се појави како блузичката Лефти во анимираниот краток филм “Лефти и Рајти си најдоа дом”. Таа во моментов има природна возбуда кон анимираниот филм за деца, бидејќи и самата е мајка на две дечиња со кои постојано читаат сликовници и гледаат интересни цртани филмови. “Анимиран македонски филм за деца е реткост, […]

Универзитетот во Белград е на листата на најдобри универзитети во светот


Универзитетот во Белград и оваа година е вклучен во QS ранг-листата на најдобрите универзитети во светот. Српскиот најголем и најстар универзитет се најде помеѓу 801-то и 850-то место, додека лани беше помеѓу 761-во и 770-то место, објави Данас. На QS листата за 2027 година рангиран е и Универзитетот во Нови Сад, со пласман во групата […]

Во Битола 26 литри дожд на метар квадратен


 Во изминатите 24 часа заклучно со 8 часот во Битола наврнале 26 литри дожд на метар квадратен, во Демир Капија, 24, Виница, 21, Лазарополе, 17, Берово, 14,  Крива Паланка,13, Гевгелија, 8, Скопје – Петровец, 2, а во Кавадарци, Крушево и Маврови Анови по 1 литар.  Управата за хидрометеоролошки рабои (УХМР) информира дека денеска ќе се […]

САД со нови санкции за Куба


САД вчера воведоа нови санкции за кубанските државни компании, кои според аналитичарите најверојатно ќе ги заплашат странските инвеститори и ќе ја продлабочат економската криза. Според новите американски санкции, секој што обезбедува услуги за санкционираните кубански субјекти може да биде казнет и исклучен од американскиот финансиски систем. Санкции се воведени за пет кубански ентитети од кои […]

СП 2026: Колумбија ја победи ДР Конго и избори плејоф


Запопан – Колумбија рано утрово ја победи Демократска Република Конго со 1:0 во второто коло од групната фаза на Светското првенство во фудбал 2026. Натпреварот се одигра на стадионот „Акрон“ во Запопан, Мексико. Даниел Муњоз го постигна единствениот гол, по додавање од Хуан Кинтеро, во 76. минута. Колумбија има шест бода и е лидер во […]

Франција без Дешам против Норвешка, го напушти СП поради смртта на неговата мајка


Селекторот на француската фудбалска репрезентација Дидие Дешам привремено го напушта Светското првенство поради смртта на неговата мајка Жинет и се враќа во Франција за да присуствува на погребот. Поради тоа, тој нема да го води тимот во последниот натпревар од групната фаза против Норвешка, кој се игра во петок во Бостон. Француската фудбалска федерација (ФФФ) […]

Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран


Вашингтон – Сенатот на САД вчера изгласа резолуција, со која се бара од претседателот Доналд Трамп да спречи продолжување на војната против Иран. „За“ резолуцијата гласаа 50 сенатори, а 48 се изјаснија „против“. Резолуцијата минатиот месец беше изгласана во Претставничкиот дом. Првпат двата дома на Конгресот усвојуваат резолуција со која се бара од претседателот повлекување на […]

СП 2026: Англија и Гана ремизираа, Хрватска минимално ја совлада Панама


Фоксборо/Торонто – Англија ремизираше 0:0 со Гана синоќа во второто коло од групната фаза на Светското фудбалско првенство 2026 година. Натпреварот се одигра во Фоксборо, САД. Англичаните имаа само три удари кон голот на Гана, додека африканската репрезентација само еднаш шутна кон противничкиот гол.  На другиот натпревар од втората рунда во оваа група, Хрватска ја победи […]

Гром удри директно на граничниот премин „Евзони“ – туристите заглавени


Граничниот премин „Евзони“ на македонско-грчката граница синоќа се соочи со сериозни технички проблеми по удар од гром, кој предизвика прекин на електричната енергија и го наруши работењето на клучните системи. Според последните информации објавени на српските медиуми, агрегатите во моментов не успеваат да обезбедат доволно енергија за непречено функционирање на сите уреди и услуги на […]

Интерпелацијата за Тошковски денеска на пленарна седница


Собранието денеска ќе ја одржи 106-тата седница на чиј дневен ред е и интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски поднесена од пратениците од ПП „Левица“. Поднесувачите на интерпалицијата пратениците: Амар Мециновиќ, Борислав Крмов, Димитар Апасиев, Јована Мојсоска, Реџеп Исмаил и Сашко Јанчев го обвинуваат министерот Тошковски за креирање на „приватна партиска […]

ЕУ воведува дигитално евро. Објавено е кога ќе пристигне


Комитетот за економска и монетарна политика на Европскиот парламент го одобри воведувањето на дигиталното евро, со кое Европската унија се обидува да ја намали зависноста од платните системи контролирани од САД. Според планот, дигиталната валута треба да биде воведена до 2029 година со цел да се зајакне европската автономија во платните трансакции, пишува Euronews. Податоците […]

Садење дрво и поетско читање во Паркот на поезијата: Почнуваат 65-тите СВП


Со традиционалното садење дрво и поетско читање во Паркот на поезијата во чест на добитникот на „Златен венец“ за 2026 година, холандската поетеса Анеке Брасинга денеска во Струга почнува 65-тото издание на Струшките вечери на поезијата. Официјалното отворање на манифестацијата ќе биде вечер со палење на фестивалскиот оган и читање на Константиновата Т`га за југ […]

Бурхан Шабан ќе одржи концерт на духовна музика


Во организација на Турскиот културен центар „Јунус Емре“ – Скопје, вечер од 19.30 часот во Филхармонијата концерт на духовна музика ќе одржи Бурхан Шабан, уметник, хафиз и еден од најпрепознатливите изведувачи на илахии, касиди и суфиска музика на Балканот. -Концертот во Скопје претставува ретка можност македонската публика повторно да се сретне со уметник чии корени […]

Без струја село Студеничани, без вода од ул. „Салвадор Аљенде“


Без електрична енергија  денеска ќе останат дел од корисниците на село Студеничани спроти „Волталед“ во општина Студеничани, информира Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, пренесувајќи известување од ЕВН Македонија.  РЦУК-Скопје соопшти и за прекин на водоснабдување од 9 часот изутринава за корисници од дел од ул. „Салвадор Аљенде“, поради уличен дефект на таа […]

Нестабилно време – дожд, грмежи и засилен ветер


Под влијание на циклонска активност од југоисток, времето денеска ќе биде нестабилно  со дожд, грмежи и засилен ветер. Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека процесите локално ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град.  Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20, а максималната ќе достигне од […]