СП 2026: Англија и Гана ремизираа, Хрватска минимално ја совлада Панама
Фоксборо/Торонто – Англија ремизираше 0:0 со Гана синоќа во второто коло од групната фаза на Светското фудбалско првенство 2026 година. Натпреварот се одигра во Фоксборо, САД.
Англичаните имаа само три удари кон голот на Гана, додека африканската репрезентација само еднаш шутна кон противничкиот гол.
На другиот натпревар од втората рунда во оваа група, Хрватска ја победи Панама со 1:0. Средбата се одржа на стадионот „БИМО Филд“ во Торонто, Канада.
Стрелец на единствениот гол беше Анте Будимир во 54. минута, по додавање од Јосип Станишиќ.
Англија и Гана имаат по четири бода на првите две места во Л-групата, Хрватска е трета со три, Панама е последна без освоен бод.
На 27 јуни, Англија ќе игра против Панама, додека Гана ќе се соочи со Хрватска.