Инфлацијата не е алармантна, нема потреба да се ограничат маржите или цените, вели заменик министерот за економија


Имаме нормална инфлација со оглед на кризата во светски рамки, која не е на алармантно ниво за да се ограничат маржите или цените. Ситуацијата постојано се следи и ако има потреба, Владата ќе ги спроведе сите законски можности и решенија. Нормално е да има мало покачување на цените на одредени производи, но сето тоа е […]

БГНЕС: Мицкоски турка „дискурс на разочарување“ што ја поткопува довербата во ЕУ


  Бугарскиот медиум БГНЕС направи анализа на внатрешните состојби во Македонија барајќи ги корените на евроскептицизмот засилен со нарадтивот на „бугарскиот диктат“. Во неа се тврди дека премиерот Христијан Мицкоски и владата го користат условот за уставни промени за да ја оддалечат Македонија од Унијата, додека немаат ништо против да ги користат европските фондови. Еве […]

Од октомври студентите повторно ќе се вселуваат во студентскиот дом „Стив Наумов“


Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска изврши увид во реконструкцијата на студентскиот дом „Стив Наумов“ во скопската населба Автокоманда, при што најави дека студентите ќе можат да се сместуваат од почетокот на новата академска година, во октомври. Според Јаневска, реконструкцијата на државните студентски домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски – Питу“ се одвива […]

Ристески: Потрошувачката кошничка е готова – таа не е пандан на синдикалната


Потрошувачката кошничка е готова, беше дадена на Економско-социјалниот совет (ЕСС), очекуваме позитивни сигнали од сите и ќе почнеме да ја пресметуваме, изјави денеска заменик-министерот за економија, Марјан Ристески. -Потрошувачката кошничка не е некој пандан на синдикалната минимална кошничка, едноставно ќе биде врз база на релевантни показатели, не само од Државниот завод за статистика, туку и […]

Шпанскиот премиер Санчез е на јажиња по скандалите за корупција


  Удиран од корупциски кризи и тешки порази на регионалните избори, шпанскиот премиер Педро Санчез го губи тлото под нозете. Истражителите во средата извршија рација во седиштето на неговата Социјалистичка партија во истрага за злоупотреба на партиските средства. Тоа само по себе би било доволно лошо, но е само најновата епизода во метежот од корупциски […]

СДСМ: Нема пари за референдум, а има за криминални тендери и авион


СДСМ преку соопштение обвини дека Владата предводена од Христијан Мицкоски признава дека нема финансиски средства за организирање референдум, додека истовремено, според партијата, троши пари за сомнителни тендери и луксузни набавки. Од партијата велат дека ова е уште една потврда дека во буџетот недостигаат средства и покрај секојдневното задолжување на државата. „Има пари само за криминалната […]

Судијата Ристов се чувствува невин, судењето било „холивудско сценарио“


Не се чувствувам виновен ниту за првото, нити за второто кривично дело со оглед на правната квалификација, беше изјавата денес на поранешниот судија од Апелација, Ѓоко Ристов, кој е суспендиран откако Обвинителството му најде пари заѕидани во цигли во кујната во куќата на неговиот дом во Неготино. Обвинителката Искра Хаџи Василева во воведниот говор порача […]

Македонците во просек неделно работат околу три и пол часа повеќе од граѓаните на ЕУ


Во 2025 година, вистинското работно време на работниците со полно и скратено работно време во ЕУ на возраст од 20 до 64 години во просек изнесувало 35,9 часа, што е намалување од еден час во однос на 2015 година, објави Евростат. Во Македонија, пак, вистинското неделно работно време било 39,5 часа. Од земјите во нашето […]

Германија во проблеми со гасот. Складиштата се полнат побавно од очекуваното


Германските капацитети за складирање гас не се полнат доволно брзо, предупреди државната енергетска компанија „Унипер“, нагласувајќи дека се потребни стимулации за да се избегнат недостатоци следната зима. „Нивото на зафатеност на складиштата се зголемува од март, но сепак премногу бавно“, изјави извршниот директор на „Унипер“, Мајкл Луис, за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“. Според податоците од „Гас […]

Е. Џин Керол го доби Трамп на суд. Министерството за правда сега отвори истрага против неа


  Министерството за правда на САД наводно отвори кривична истрага против обвинителката на Трамп, Е. Џин Керол Се вели дека службениците испитуваат дали Керол извршила кривоклетство во сведочењето од 2022 година поврзано со тужби против претседателот Администрацијата на Трамп отвори кривична истрага против Е. Џин Керол, писателката која го обвини претседателот за сексуален напад, според […]

Документи за сопственоста и доградбите на „Пулс“ се презентираа на денешното рочиште


Со изведување на материјални докази од Обвинителство, денеска во судницата во „Идризово“ продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.  Пред Судот беа презентирани докази за објектот, неговата сопственост и движење на имот – целокупната фактичка, правна и сопственичка историја на објектот каде се наоѓала […]

Таравари ги повикува Рама и Курти да ги седнат на иста маса албанските партии во Македонија


Повикот на Зијадин Села за да седнат на заедничка маса албанските парламентарни партии, според Арбен Таравари, е невозможна мисија. Според него, кој и да ја организира, другите нема да ја прифатат. „Многу добро би било да се направи, но тоа е невозможна мисија. Кој не би прифатил? Ако ја свика ВЛЕН, нема да ја прифатат […]

На 9 јуни, НАСА ќе го открие четиричлениот екипаж на мисијата „Артемис III“ и нови детали за програмата


НАСА објави дека ќе го претстави четиричлениот екипаж на мисијата „Артемис 3“ и ќе објави нов преглед на напредокот на програмата на 9 јуни во вселенскиот центар „Џонсон“ во Хјустон. Американската вселенска агенција, исто така, објави дополнителни информации за текот на подготовките за мисијата. „Артемис III“ претходно беше замислен како прво слетување во рамките на […]

Светски ден без тутун: Алиу најави поголема достапност на терапии за одвикнување


Министерот за здравство, Азир Алиу, по повод одбележувањето на Светскиот ден без тутун 2026 година, најави нови активности за зајакнување на системот за поддршка на граѓаните кои сакаат да се откажат од пушењето. На заедничката прес-конференција со Светската здравствена организација, Институтот за јавно здравје и други партнери, Алиу посочи дека годинашното мото е насочено кон […]

Герасимовски за паркирањето: Недозволиво е на еден стан да има четири возила


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, синоќа во гостувањето во Дневникот на Сител телевизија говореше за новиот правилник и ценовник на Јавното претпријатие за паркинзи на Општина Центар, истакнувајќи дека целта е подобрување на условите за паркирање, поголем ред и фер пристап за сите жители. Герасимовски посочи дека Центар е најфреквентната општина во државата, со […]

Ровињ планира да го ограничи бројот на станови поради масовниот туризам


Еден од најпознатите туристички градови во Хрватска, Ровињ, планира да воведе ограничувања на бројот на станови со цел да се бори против масовниот туризам Според хрватските медиуми, отворањето на нови станови во стариот градски центар се планира да се запре уште следната година, како дел од Планот за управување со дестинации до 2029 година. Планот […]

Турска агенција: Три танкери нападнати од дронови во Црното Море


Во близина на северниот брег на Турција во Црното Море, пријавени се напади со дронови врз три танкери, според турската поморска агенција Трибека. Три брода нападнати во Црното Море Танкерот Џејмс II, кој пловел под знамето на Палау и бил во баласт, бил околу 80 километри северно од областа Туркели во Црното Море кога се […]

„Гардијан“: ЕУ разгледува план за членство без право на вето и укинување на едногласноста во одлучувањето


Европската Унија би можела привремено да им го одземе правото на вето на идните земји-членки за да ги спречи да се мешаат во надворешната политика на блокот, објави „Гардијан“, повикувајќи се на извори во ЕУ. Според весникот, Европската комисија сега разгледува план според кој новите членки нема автоматски да добијат овластување да ги блокираат одлуките […]

Спотифај воведе нова опција


Шведскиот стриминг гигант Спотифај официјално ја пушти во употреба новата опција за аудио-статии („narrated articles“), со што продолжува да го збогатува својот содржински каталог и да ја шири понудата настрана од музиката и поткастите. Корисниците на оваа платформа сега можат да слушаат аудио-верзии на ексклузивни текстови од некои од најпрестижните светски списанија, како Вог, Атлантик […]

Жена изгоре во пожар во куќата во Пинтија


Осумдесет и петгодишна жена загинала во пожар што ноќеска избувнал во куќа во скопската населба Пинтија. Пожарот бил пријавен по полноќ. Причината засега останува непозната. – На 28.05.2026 во 01:48 часот во СВР Скопје е пријавено дека во куќа, сопственост на С.К.(45), а во која живеела и нејзината мајка М.В.(85) во населба Пинтија во Скопје, […]