Војната на Блискиот Исток го загрозува снабдувањето со ѓубрива, производството на храна е во опасност


Војната на Блискиот Исток го наруши снабдувањето со енергија од земјите што граничат со Персискиот Залив, засенувајќи ја заканата за снабдувањето со храна поради прекин на пратките со ѓубрива, предупредуваат експертите и Меѓународната агенција за енергија (ИЕА). Пред војната, повеќе од 30 проценти од светските пратки со уреа и околу 20 проценти од пратките со […]

Ќерката на израелскa министеркa пронајдена мртва. Претходно ги обвинуваше родителите за злоупотреба


ШОШАНА Строк (34), ќерка на израелската министерка за национални мисии Орит Строк, беше пронајдена мртва во својот дом во северен Израел. Нејзината смрт се случи откако таа поднесе сериозни обвинувања против нејзините родители и брат во последните месеци, тврдејќи дека тие систематски сексуално и ритуално ја злоупотребувале од рана возраст. Околностите на нејзината смрт се […]

Затворен патот Кочани – Виница во двата правци поради сообраќајка


Сообраќајна несреќа се случила попладнево на регионалниот пат Кочани – Виница, поради што сообраќајот на овој патен правец е во прекин. Според неофицијални информации едно лице починало на местото на несреќата, додека неколкумина повредени со возила на Итната медицинска помош се пренесени во Општата болница во Кочани. Од АМСМ информираат дека сообраќајот е затворен во […]

Авиокомпаниите ги намалуваат и одложуваат летовите до екс-ју државите поради војната на Блискиот Исток


Се очекува аеродромите низ поранешна Југославија да продолжат да го чувствуваат влијанието на војната на Блискиот Исток, при што голем број авиокомпании ги ревидираат или откажуваат услугите низ регионот, пишува порталот Ексјуавиејшн њус. „Ројал Џорданијан ерлајнс“ го одложува лансирањето на својата нова услуга помеѓу Аман и Белград. Првично закажано за 1 април, рутата сега ќе […]

Сопругот на исчезнатата Злата Јанкова започна штрајк со глад пред полицијата во Свети Николе


Дејан Јанков од Свети Николе, сопруг на Злата Јанкова – жената која исчезна на 16 јуни 2024 година – утрово започна штрајк со глад пред полициската станица во Свети Николе. Тој вели дека ќе остане таму и ќе гладува сè додека институциите не преземат конкретни чекори и не добие одговори за судбината на неговата сопруга, […]

Скопјанец сексуално вознемирувал кираџика од Србија


33-годишна жена од Србија ноќеска пријавила во полиција дека околу полноќ, сопственикот на станот кој го изнајмила во скопски Центар, физички ја нападнал и ја допирал по телото, а исто така ја вознемирувал и со пораки. Како што се наведува во полицискиот билтен, ноќеска во 01:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 00:10 […]

АЕК предлага побрз широкопојасен интернет во рамки на универзалната услуга


Брзината за широкопојасен интернет за секој краен корисник, кој е дел од универзалната услуга, да се зголеми од сегашните минимални 12 Mbps на 30 Mbps, предлага  Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), која отвори јавна расправа во пресрет на плановите за објава на тендер за избор на нови даватели на универзалната услуга.   Предмет на јавната расправа […]

Две деца од Кумановско, затруени од течност за земјоделски култури


Две деца на возраст од три и четири години од кумановско село биле донесени на лекарски преглед поради можна интоксикација од течност што се користи за земјоделски култури. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. – На 15.03.2026 во 11:52 часот во СВР Куманово, од Општа болница Куманово е пријавено дека кај нив биле донесени […]

Штип вечерва ќе оддаде почит на загинатите во кочански „Пулс“


Штип вечерва ќе им оддаде почит на Филип Ивановски, Дамјан Таневски, Александар Ефремов, Филип Стевановски и  Александар Коларов, кои пред една година починаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Во 18:30 часот ќе се постави камен-темелник за изградба на спомен-обележје кај малата фонтана во близина на Градскиот плоштад „Слобода“. Во рамките на спомен обележјето […]

ЕУ нема да купува руска нафта без оглед на цената


БРИСЕЛ — Европската Унија нема да попушти пред притисокот повторно да се ангажира со Русија за да се компензираат зголемените цени на енергијата предизвикани од војната во Иран, изјави шефот за енергија на блокот за новинарите во понеделник. „Одлучивме во Европската Унија дека не сакаме повторно да увезуваме руска енергија“, рече Ден Јергенсен, комесарот на […]

Гувернерот Славески: Младите сѐ порано почнуваат да користат финансиски услуги – финансиската едукација мора да биде дел од образованието


„Младите денес сѐ порано стануваат корисници на финансиски услуги, поради што финансиската едукација треба да биде системски интегрирана во образовниот процес“, истакна гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, на настан посветен на финансиската едукација во образованието, организиран по повод 15 март – Меѓународниот ден за правата на потрошувачите, од страна на Бирото за развој на […]

Еве зошто Џорџ и Амал Клуни ги пропуштија Оскарите 2026 


Лос Анџелес – Синоќа, 98. Оскари во театарот „Долби“ го пропуштија еден од најголемите влијателни парови во Холивуд. Во јануари, Џорџ и Амал Клуни присуствуваа на Златните глобуси во класичен црн смокинг (Џорџ) и впечатлив црвен фустан (Амал). Сепак, од тоа појавување, тие го пропуштија остатокот од сезоната на доделување награди – наместо тоа се […]

Објавени списоците на граѓани кои се стекнаа со право на инвертер клима


Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека е објавен списокот на граѓани кои ги исполнија условите по Јавниот оглас за поддршка на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година, за добивање финансиска поддршка преку ваучер за купување и вградување инвертер клима уред. Станува збор за втора фаза од веќе завршената постапка. […]

Од „Крид“ до „Грешници“: Патот на Мајкл Б. Џордан до Оскарот


Лос Анџелес – Во текот на повеќе од една деценија, Мајкл Б. Џордан и режисерот Рајан Куглер изградија едно од најпродуктивните креативни партнерства во Холивуд. Нивните соработки ѝ ги дадоа на публиката „Крид“ и „Црн Пантер“, а сега нивниот најнов филм, „Грешници“, го донесе најголемиот момент досега. Во вампирскиот хорор, Џордан ги прикажува близнаците Смоук […]

Ѓоковиќ ќе го пропушти Мастерсот во Мајами


Мајами – Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ нема да учествува на АТП 1000 турнирот во Мајами. Натпреварувањето ќе се одржи од 17 до 29 март. Триесет и осумгодишниот Ѓоковиќ се откажа поради повреда на десното рамо. Во 2025 година, тој стигна до финалето на Мастерсот, каде што загуби од Чехот Јакуб Меншик. Претходно на турнирот во […]

Кавадарчанец два пати во ист ден фатен како вози без дозвола


Вчера во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода К.М.(34) од Кавадарци поради управување мопед и возило без возачка дозвола. При сообраќајна контрола во 12:30 часот на улицата „Дисанска“, полицијата запрела мопед со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од К.М., при што било утврдено дека го возел без положен возачки испит. По насоки […]

Вештачката интелигенција во „битка“ против Орбан


  🇵🇱Węgierski ‘Birkamenet’ (Marsz Owiec) to ironiczna nazwa prorządowego ‘Békemenet’ (Marsz Pokoju). Słowo ‘birka’ oznacza owcę, co sugeruje, że uczestnicy to bezkrytyczni naśladowcy rządu, którzy dają się prowadzić jak stado.#magyar2026 #Tisza2026 pic.twitter.com/7otSNAkqCv — Zoltán (@csorike1520) March 15, 2026 Jó éjt mindenkinek! Kivéve a vatnikoknak és a hutnikoknak. A keretes szerkezet jegyében zárásként is pár AI […]

(Галерија) Што облекоа ѕвездите на најголемата холивудска забава ?


Лос Анџелес – „Оскар“ е најпрестижната филмска награда во Холивуд, а традиционалната постоскаровска забава на магазинот „Венити феар“ е забавата на годината и, секој сака да биде таму.На ѕвездите им е подеднакво важно што ќе облечат на доделувањето на „Оскарите“ и на најголемата холивудска забава. Годинава списокот на гостите беше преполовен, и без покани за […]

Ново големо поскапување на горивата. Дизелот стигна до 92 денари


  Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 7,00 ден/лит,  цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 6,50 ден/лит, а цената на мазутот М-1 НС, се зголемува за 4,867 ден/кг. Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување […]

Државниот врв денес на одбележувањето на годишнината од трагедијата во Кочани


Беџ со скршено срце на кое пишува Кочани и датумот 16.3.2025 годинаа, носеа државните претставници кои денеска присуствуваа на одбележувањето на годишнината од трагедијата која однесе 63 животи, а со повреди остави повеќе од 200 лица. Беџот на реверот од сакото на премиерот Христијан Мицкоски го стави Габриела Наунова, мајка на трагично загинатата Надица Наунова, […]