Претседател на ДКСК ќе се бира по локалните избори


Откако Државната комисија за спречување на корупција соопшти дека нема надлежност да дава мислење дали е итно или не да се избере нов претседател на ДКСК, по истрагата и оставката на Татјана Димитровска, Комисијата за прашања на изборите и именувањата ја избра комисијата за селекција на кандидатите за нов претседател на ДКСК, но кажа дека […]

Комунална хигиена-Скопје почна со замена на дотраените пластични контејнери


Во текот на вчерашниот ден, ЈП Комунална хигиена-Скопје започна со замена на дотраените пластични контејнери со зафатнина од 3,2 кубни метри. На локациите каде што досега се употребуваа стари и дотраени садови, се поставуваат сосема нови садови наменети за одлагање на комуналниот отпад. Досега се заменети контејнерите на 20 локации во следните скопски општини: Ѓорче […]

Сто странски гости потврдени на 16. „Македокс“, 75 документарци ќе може да се видат на пет фестивалски локации


 Сто странски гости се потврдени на фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“, чие 16. издание ќе се одржи од 21 до 28 август. Во тој период, ќе може да се погледнат 75 документарни остварувања на пет фестивалски локации, информираа на денешната прес-конференција во Скопје, извршниот директор на фестивалот – Дарко Набаков, програмскиот координатор – Петрула […]

Скандал во Полска: Пари од ЕУ завршиле во свингерски клубови и на јахти


Полското министерство за европски фондови вчера ги запре сите исплати од програмата на Европската Унија за финансирање на хотели, ресторани и културни простори, откако иницијативата за транспарентност откри дека средствата биле искористени за јахти, вотка-барови и фирма регистрирана на истата адреса како секс-клуб, јавија денеска локални медиуми. Министерката за европски фондови, Катажина Пелчинска-Налеч, изјави дека […]

Задолженоста во регионот и во Европа — каде е Македонија на листата на најголеми должници?


Македонија дели речиси исто ниво на јавен долг со Црна Гора, Хрватска и Словачка, додека многу членки на Европската Унија се далеку позадолжени. Анализата на порталот Банкар покажа дека, иако е лидер во регионот на Западен Балкан по нивото на задолженост, во европскиот просек, долгот на Црна Гора не е меѓу најголемите. На дното на […]

На 89 години почина Милка Ефтимова, примадона на сцената, примадона во животот


Утрово во Скопје почина Милка Ефтимова, оперска примадона која настапувала во повеќе од 20 земји во светот. Имаше 89 години. Алт и мецосопран певица, доајен на Македонската опера и редовен професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Ја паметиме по прекрасната улога на Кармен, која ѝ донесе и регионална слава и по прекрасниот глас […]

„Никој не остана“: Трамп ги отпушти сите експерти за Русија пред средбата со Путин


  Доналд Трамп се упатува кон средбата со Владимир Путин во Алјаска неподготвен. Со радикални намалувања на персоналот за надворешна политика и претседателот кој регрутира лојални луѓе наместо експерти во својот тим, администрацијата останува без никој што ги разбира намерите и методите на руското раководство и нејзиниот лидер. На Трамп му требаат само советите од […]

СДСМ за скандалот околу Ерасмус: Ана Михајлов била избрана на функцијата и покрај противењето на Брисел


 Јованче Манасков, претседател на Комисија за образование и наука на СДСM објави нови детали околу именувањето на лице под активна истрага на ОЛАФ за прв човек на Националната агенција која располага со парите од Еразмус +. „Ова е голем пораз и за образовенниот систем затоа што целосно ја урива довербата на младите во институциите. И […]

Украина добива заем од 500 милиони евра од ЕБРД за итни набавки на гас


Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) ќе ѝ додели заем од 500 милиони евра на украинската државна гасна компанија Нафтогас (NAK) за финансирање итни набавки на гас, со цел зајакнување на енергетската безбедност на земјата, која оваа година е сериозно нарушена од повторените насочени руски напади. Ова е најголемиот единечен заем што Банката го […]

Има проблем со слободата на медиумите во Македонија: Извештај на Стејт департментот


  Во извештајот на Стејт департментот за состојбата на човековите права во 2024 во делот за Македонија се вели дека немало значајни промени во состојбата во текот на годината, но дека има проблеми со слободата на изразувањето и слободата на медиумите. „Значајните проблеми со човековите права вклучуваа веродостојни извештаи за сериозни ограничувања на слободата на […]

Трамп сам во соба со Путин е рецепт за пропаст – погледнете го случајот од Хелсинки


  Лекциите од Хелсинки се јасни: ставањето на Доналд Трамп сам во соба со Владимир Путин е непредвидлива – и често опасна – работа. Беше 2018 година кога двајцата лидери се сретнаа на покана на Саули Нинисто, финскиот претседател, за да разговараат за колапсот на односите меѓу САД и Русија, обвинувањата за мешање во изборите […]

Мицкоски: Нема македонска или албанска иднина, има само заедничка


На свечената седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор, со кој беше ставен крај на конфликтот во 2001 година, премиерот Христијан Мицкоски испрати порака за единство, надминување на поделбите и заедничка иднина. „Државата ја имаме само ако ја чуваме заедно,“ рече Мицкоски, потсетувајќи на тешкото лето 2001 година, кога Македонија беше на работ […]

Трамп e поголема закана за Украина од бомбите на Путин


Војните не мора да се добиваат. Вкупните победи се најголеми во популарната имагинација бидејќи тоа се приказни што народите секогаш ги раскажуваат за да го одржат патриотското чувство. Поцелосната верзија на историјата е напишана во ќорсокак. Вреди да се запомни тоа кога Доналд Трамп ќе се сретне со Владимир Путин во Алјаска во петок. Двајцата […]

Грција ги забранува провизиите на банкоматите: Некои ќе подигнуваат пари бесплатно, еве што тоа значи за туристите


Нова регулатива на грчкото Министерство за финансии ги укинува провизиите за подигнување готовина од банкомати, што би можело да донесе значителни заштеди и за локалното население и за туристите. Во Грција е целосно забрането да се наплаќа провизија за подигање готовина од банкоматите на грчките банки, според новата регулатива на Министерството за финансии на Грција, […]

Словенечките хотели се вклучија во правната битка против „Букинг“


Словенечките хотелиери се вклучија во масовната тужба против платформата за резервации на сместување „Букинг“ (Booking), во која повеќе од 10.000 европски хотели ја обвинуваат дека ги спречува да понудат пониски цени. Не е објавено колку од нив се приклучени на правната битка. Како што е познато, повеќе од 10.000 европски хотели се здружија во тужба […]

Три искуства што не треба да се пропуштат кога се патува во црноморскиот регион на Турција


Турција нуди разновидна туристичка понуда и не е позната само по дестинациите со песочни плажи. Алтернатива на типичните летни одмори, е црноморскиот регион, карактеристичен по својот свеж воздух и смарагдни ридови. Традиционалните дрвени куќи изградени на ветровитите висорамнини, кои всушност ги користело локалното население во топлите месеци, им нудат на туристите автентичен престој во природа. […]

Цените на кафето паднаа прв пат по 18 месеци


Потрошувачките цени на кафето во Бразил се намалија за 1,01 процент во јули во однос на претходниот месец, што е прв пад за година и пол, соопшти во вторник Бразилскиот институт за географија и статистика (IBGE). Падот на малопродажните цени во најголемата земја во Јужна Америка е резултат на пониските цени што им се исплаќаат […]

Барселона потпиша со џин од 210 сантиметри: Има само 13 години, но веќе е чудо од играч


Барселона не сака млади таленти само во фудбалот, клубот од Каталонија размислува и за иднината кога е во прашање кошарката. Затоа Мохамед Дабоне се приклучи на првиот тим со само 13 години. Сепак, многумина се сомневаат во веродостојноста на информациите за момчето од Буркина Фасо бидејќи неговата висина веќе достигнува 210 сантиметри. Дабоне сè уште […]

На Ќафасан откриена пастрмка скриена во автомобил – во 2025 спречен шверц на вкупно 4 тони храна


 Од почетокот на годинава Царинската управа во повеќе случаи спречи обиди за шверц на над 4 тони храна меѓу која најмногу маслиново масло – 560 литри и 3,7 тони овошје и зеленчук. Последен случај е откриен деновиве на граничен премин Ќафасан, кога државјанин на Албанија се обидел нелегално да внесе 21 килограм свежа пастрмка скриена […]

Исплатена нова транша кон Развојната банка од 11,3 милиони евра за поддршка на домашните компании


Министерството за финансии исплати нова петта транша во износ од 700,9 милиони денари или 11,3 милиони евра кон Развојната банка, средства кои се наменети за поддршка на домашните компании. Средствата, како што се наведува во соопштението на МФ, се трансферирани од Буџетот врз основа на доставено барање од Развојната банка, а по одобрување на проектите […]