Скопскиот џез фестивал го објави постерот за годинешното издание чиј автор е Ѓорѓе Јовановиќ


Визуелниот идентитет на годинешното издание на Скопскиот џез фестивал ќе биде постер изработен од уметникот Ѓорѓе Јовановиќ, кој, како што објави самиот на социјалните мрежи, со овој фестивал има повеќедецениска лична врска. „Започнав да одам на концертите на Скопскиот џез фестивал во 1996 година, додека сè уште бев средношколец. Овој фестивал длабоко го обликуваше мојот […]

Европската вселенска агенција го лансираше првиот сателит од новата генерација за метеоролошко следење


Европската вселенска агенција (ЕСА) и Европската организација за експлоатација на метеоролошки сателити (ЕУМЕТСАТ) успешно го лансираа сателитот MetOp-SG-A1, првиот од новата генерација метеоролошки сателити за поларна орбита. Лансирањето беше извршено на 13 август 2025 година, во 02:37 часот по средноевропско време, со ракета Ariane 6 од европската вселенска база во Куро, Француска Гвајана. Неколку часа […]

Ова се цените на горивата во Европа


Европската комисија ги ажурира споредбените цени на горивата во голем број земји од ЕУ на неделна основа. Овие податоци им помагаат на возачите да ги споредат цените и да планираат каде ќе полнат поевтино. Според споредбените податоци од 7 август, Хрватска е меѓу попристапните, но треба да се има предвид дека цените често варираат од […]

Билјана Ивановска ќе биде кандидат за градоначалник на Независните за општина Центар


Граѓанските иницијативи од Платформата „Независни заедно“ денеска објавија дека поранешната претседателка на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска, ќе биде независна кандидатка за градоначалничка за Општина Центар. Ивановска е поддржана од иницијативите „Шанса за Центар“,  „Зелените за Гази Баба“ и граѓанската иницијатива „398“. Ивановска ќе одржи прес-конференција пред фонтаната „Лотус“ на влезот во Градски Парк в четврток […]

Меѓународната агенција за енергија повторно ја намали прогнозата за побарувачката на нафта


Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) дополнително ја намали прогнозата за побарувачката на сурова нафта за оваа година, повикувајќи се на послабиот глобален економски раст и несигурност на пазарот. Според месечниот извештај објавен во Париз денеска, за 2025 година се очекува пораст на побарувачката од само 680.000 барели дневно, во споредба со претходната прогноза од 700.000 […]

Швајцарците живееја во прекрасна изолација со години. Царините на Трамп го разбија тоа


Растењето во Цирих честопати се чувствуваше како да си одвоен од светот. Не треба да биде така: на крајот на краиштата, Швајцарија е во срцето на Европа. Возејќи се со удобните трамваи во Цирих, се слушаат сите светски јазици; а аеродромот нуди повеќе директни интерконтинентални летови од Берлин. И сепак, созревањето во Швајцарија е како […]

Мицкоски отиде во Јасен каде гори голема територија


  Премиерот Христијан Мицкоски денеска е во ловиштето Јасен каде одблиску се запозна со големите напори да се изгаси пожарот кој има зафатено широка територија. Таму е заедно до директорот на ДСЗ, Стојанче Ангелов. Пожарот го гасат пожарникари, припадниците на специјалните единици во МВР, како и на Министерството за одбрана. „Можам да кажам дека делумно […]

Џенифер Анистон се врати на насловната страница на „Венити Фер“ по 20 години


  Промената е во воздухот во седиштето на Vanity Fair. Уште во април, беше објавено дека Радика Џонс ќе се повлече од функцијата главен уредник, по 7-годишен мандат. Во јуни, Condé Nast објави дека Марк Гвидучи (поранешен член на Vogue) ќе стане првиот глобален уреднички директор на списанието, наследувајќи го Џонс на главната позиција. Изданието […]

Сметка од кафуле во Будва од која гостите ги заболе глава


  На Фејсбук страницата Podgorički.info беше објавена сметка од ресторан во Будва, што предизвика бурни реакции на социјалните мрежи. Јасно пишува – пиво 9 евра, пица капричиоза 22 евра, шише минерална вода 5 евра, а дополнително се наплаќа сервисна услуга од 12,17 евра. Вкупно, за неколку пијалоци, две пици и чинија со овошје, гостите платиле […]

Нова голгота за возачки испит за Битола и околните општини: полагањето запрено на неопределено време 


  БИТОЛА – Кандидатите за полагање возачки испит од Битола и околните општини се пред нова голгота, откако вчера ново избраната фирма „Супер возач“, лиценциран авто-мото испитен центар за Битола ја извести јавноста дека нема да закажува и споведува испити до средината на септември. Со една реченица напишана како известување на веб страната на испитниот […]

Актерот кој Марлон Брандо го сметаше за најголем на сите времиња


Малку холивудски ѕвезди можат да се споредат со наследството на Марлон Брандо, гигантот на американскиот филм, кој од многумина се смета за најголем актер на сите времиња, пишува списанието Far Out. Додека имиња како Даниел Деј-Луис, Хоакин Феникс и Филип Сејмур Хофман често се споменуваат во ист контекст, огромниот број моќни улоги на Брандо, заедно […]

Израел го бомбардираше најголемиот палестински град, загинаа 123 лица


Израелската армија денес го бомбардираше градот Газа пред планираното преземање на областа, а според Министерството за здравство на Газа, 123 лица се убиени во последните 24 часа. Израелската армија објави дека „одобрила“ план за освојување на градот Газа, најголемиот град на палестинската територија, како дел од новата фаза од офанзивата насочена кон поразување на Хамас […]

Жерновски тврди дека ВМРО-ДПМНЕ за една година изгубило 130.000 гласови


ВМРО-ДПМНЕ е во паника поради падот од 130.000 гласа, тврди амбасадорот Андреј Жерновски во пост на социјалните мрежи.     -Не е мал бројот на оние кои се зачудени од “кампањата пред кампања” која деновиве ја води премиерот Мицкоски. Не толку од самиот технички момент, бидејќи кај нас веќе од поодамна се дозволува предизборната кампања да […]

Левица: Николоски заборави на истрагата за ,,Марковски“, ВМРО-ДПМНЕ им дава милионски тендери


Продолжува праксата на делење тендери на компаниите кои ВМРО-ДПМНЕ во опозиција ги обвинуваше дека се во криминална шема со СДСМ и ДУИ. Таков е случајот и со познатата битолска фирма ,,Марковски”, која само во последните 4 месеци од минатата година, од РЕК Битола добила тендери во вредност од 2,5 милиони евра, тврди Левица преку соопштение […]

Ескалира состојбата во Србија, има 70 повредени полицајци, демостранти и граѓани


  „Вистината е само една – некој дошол да нападне простории на Српската напредна партија“. Вака на државната телевизија на Србија (РТС) рече директорот на полицијата, Драган Васиљевиќ, во врска со насилните протести во Врбас и во Бачка Паланка во кои се повредени 70 лица, од кои 16 полицајци, додека 52 граѓани побарале лекарска помош. Според […]

Јаневска: МОН не може и не треба да ги превземе надлежностите на Општина Струга


Поради недомаќинско работење на градоначалникот Рамис Мерко и целото раководство во Општина Струга не им стигнуваат блок дотациите за основните училишта, смета министерката за образование и наука Весна Јаневска. Прашана за коментар по вчерашната објава на Општина Струга дека ги отстапува надлежностите за основните училишта на нејзина територија на Министерството за образование и наука за […]

Димова против препукувањата на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ: Токму јас пријавив злоупотреба!


Повеќе од пет години не сум директорка на оваа несреќна институција и сметам дека е недолично да се кажуваат лаги и полувистини само за да се манипулира јавноста. Од двата партиски штаба гледам дека се прави дефокус. Наместо да се зборува за актуелната в.д. директорка, темата повторно сум јас – Лидија Димова, иако од 2020 […]

Уставен суд оформи предмет за вториот протокол меѓу Македонија и Бугарија


  Уставниот суд соопшти дека е формиран предметот УЗ. 44/2025 во кој е оспорен Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија донесен на 17.07.2022 година во Софија. Во тек е претходна постапка во која се испитуваат податоците и известувањата потребни за донесување на одлука. Подносител на иницијативата: Лилјана Поповска. Во наводите во […]

За Алијансата на Албанците вработувањата во Тетовската болница се измама


Алијансата за Албанмците ја нарече најголемата измама во историјата наводното вработување на над стотина здравствени работници во Тетовската болница „На министерот за здравство Азир Алиу му завршија лагите. Во последно време излегоа на виделина сите негови измами во врска со вработувањето на 155 здравствени работници во Клиничката болница во Тетово. Иако доби негативен одговор од […]

Љутков за Милка Ефтимова: Беше вистински амбасадор на македонската оперска уметност


На 89-годишна возраст почина оперската примадона Милка Ефтимова, доајен на македонската опера и амбасадор на македонската уметност и култура во светот. Министерот за култура и туризам упати телеграма со сочувство до семејството на Милка Ефтимова. „Милка Ефтимова беше вистински амбасадор на македонската оперска уметност, пример за врвен професионализам и неисцрпна инспирација за многу генерации млади […]