ДОМ: Безбедноста на карпошани не смее да биде предмет на заткулисни дилови


Демократска обнова на Македонија (ДОМ) изразува длабоко разочарување кон вчерашниот обид одредени политички субјекти да си играат играчки со безбедноста на граѓаните и граѓанките. ДОМ ја осудува неодговорноста што доведе до големиот пожар во магацинскиот простор до мостот „Обединети нации“ и четирите кули во Карпош 4, момент што повторно ја отвора старата рана на пожари […]

Општина Карпош: Третата вечер на „Карпошовото културно лето 2025“ одбележана со бурни емоции


Третата вечер на „Карпошовото културно лето 2025“, одбележана со бурни емоции, аплаузи, воздишки и воодушевувања од грандиозниот настап на Академското културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“, што наметна несовладлив интензитет и енергија, помеѓу изведувачите и присутната публика. Се чини дека плоштадот „Млечен“ со крајни напори ги рашири своите прегратки, за да ги прими сите љубители на фолклорот […]

Земјотрес со јачина од 7,5 степени го погоди преминот Дрејк, Чиле издаде предупредување за цунами


 Земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди преминот Дрејк, водено подрачје помеѓу јужниот врв на Јужна Америка и Антарктикот, а Чиле издаде предупредување за цунами за Чилеанската антарктичка територија. Хидрографската и океанографската служба на Чилеанската морнарица издаде предупредување за цунами за Чилеанската антарктичка територија откако земјотресот со јачина од 8,0 […]

Најмалку 18 загинати во два напада во Колумбија на дисиденти од ФАРК


 Најмалку 18 лица се убиени, а повеќе од 70 повредени вчера во два напада во Колумбија, кои им се припишуваат на различни дисидентски фракции на поранешната герилска група ФАРК, соопштија властите. Во Кали, третиот најнаселен град во земјата, камион-бомба експлодираше во близина на колумбиска воздухопловна база. Во нападот загинаа шест лица, а 71 се повредени, […]

Отворање на понудите за трет мобилен оператор, граѓаните со очекувања, пазарот со предизвици


Во Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) денеска треба да бидат отворени понудите од тендерот за доделување фреквенции за трет мобилен оператор. Предвиденото јавно наддавање ќе се изврши доколку за исто одобрение за користење радиофреквенции се квалификуваат најмалку двајца понудувачи. Доколку се заокружи постапката со која што покрај „Македонски Телеком“ и „А1 Македонија“ во државава ќе […]

Променливо облачно и ветровито со локален дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде променливо облачно, ветровито и нестабилно со локален дожд и грмежи. Ќе дува засилен, наместа силен западен ветер (над 70км/ч.) во форма на невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во делови […]

Трамп му постави нов рок на Путин


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата администрација ќе знае во рок од две недели дали ќе се постигне мир во Украина, предупредувајќи дека ако не, тој ќе „заземе поинаков пристап“. Оваа изјава е последна во низата рокови што Трамп ги постави за завршување на војната, кои досега поминаа без конкретни акции, пишува The Kyiv […]

Зеленски: Мора да извршиме притисок врз Русија – Путин не разбира ништо друго освен сила и притисок


Украина мора да премине од дефанзива против руските напади во офанзива за да „izврши притисок врз Русија“, изјави синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски во четврток. -Оваа војна мора да заврши и ние мора да извршиме притисок врз Русија, рече тој во своето вечерно видео обраќање. „Рускиот претседател Владимир Путин „не разбира ништо друго освен сила […]

Шкендија со пресврт го совлада Лудогорец


Фудбалерите на Шкендија го совладаа вечерва бугарски Лудогорец со 2-1 во Скопје во првиот натпревар од плејофот за пласман во групната фаза во лига Европа. Лудогорец дојде во водство од својата прва шанса на арената „Тодор Проески“ кога Дерој Дуеарте искористи грешка во одбраната на Шкендија и биеше прецизно во 17 минута. Шкендија беше рамноправен […]

Вселенска енергија: Решение за енергетската независност на Европа?


Сончеви панели распоредени во вселената би можеле да задоволат до 80% од потребите на Европа за обновлива енергија до 2050 година, открива ново истражување. Студијата сугерира дека сончевата енергија од вселената би можела да ги намали трошоците за европскиот енергетски систем за 15% и да ја намали употребата на батерии за складирање енергија за повеќе […]

Поетите го менувале и сѐ уште можат да го менуваат светот: Сиљановска-Давкова ги отвори 64-те Струшки вечери на поезијата


Поетите го менувале и сѐ уште можат да го менуваат светот, градејќи вечни поетски мостови од неуништливи материјали: мислата и зборот, проткаени со ум и чувства, заклучи вечерва претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, прогласувајќи ги за отворени 64-те Струшки вечери на поезијата. Во обраќањето на манифестацијата, чиј годинашен покровител е, пред поетите, но и бројните критичари, преведувачи, […]

Зошто емоционалната исцрпеност е сè почеста кај децата?


Во брзиот, дигитализиран свет, децата се справуваат со голем број емоционални предизвици, а родителите можат да им помогнат на одредени начини. Според експертите, детството некогаш се сметало за безгрижен период, но младите луѓе сега почесто доживуваат емоционална исцрпеност. Сепак, отворената комуникација, поставувањето граници и давањето приоритет на менталното здравје се клучни за одгледување генерација која […]

Тајна состојка што ќе го подобри вкусот на секое јадење


Ако сакате да додадете малку вкус на вашите оброци, кулинарските експерти советуваат дека секогаш треба да имате лимон во вашиот фрижидер. Без разлика дали правите салати, риба или дури и пијалоци, оваа состојка може да го подобри вкусот. Таа е совршен додаток на лесен летен оброк, или дури и во есен и зима, можете да […]

УС Опен: Синер стартува против Чехот Коприва, Ѓоковиќ против Американецот Тиен


Најдобриот светски тенисер, Италијанецот Јаник Синер ќе ја почне одбраната на титулата на УС Опен против Чехот Вит Коприва, одлучи денешната жрепка во Њујорк. Рекордерот со 24 освоени грен слем титули, Србинот Новак Ѓоковиќ за прв противник ќе го има домашниот тенисер Лернер Тиен. На женскиот турнир, најдобрата светска тенисерка и бранителка на титулата во […]

Трамп ликува: Судот ја отфрли казната од половина милијарда долари во случај на измама


ВО ТРИУМФАНТСКА победа за Доналд Трамп, апелациониот суд на државата Њујорк во четвртокот отфрли казна од речиси половина милијарда долари против американскиот претседател во случај на измама, што беше еден од неговите најголеми правни неуспеси пред да се врати во Белата куќа. Пораз за Летиша Џејмс Одлуката на Апелациониот суд на Менхетен е пораз за […]

(Видео) Мало суштество ги затвора плажите во јужна Шпанија


Туристите на шпанскиот брег на Коста Бланка се предупредени да не влегуваат во морето откако е забележано отровно морско суштество познато како син змеј. Пливањето е забрането по должината на крајбрежјето долго повеќе од 11 км (7 милји) во близина на Гвардамар дел Сегура, северно од Торевиеха, објавува Скај њуз. „Држете се подалеку“ Хозе Луис […]

(Видео) Силниот ветер ја влоши состојбата со пожарот во „Јасен“


Состојбата со пожарот во ловиштето „Јасен“ пред неколку часа почна да се влошува поради силниот ветер кој почна да дува во попладневните часови. Постепено неговата брзина се зголемуваше, предизвика голема непријатност, пожарот се движеше со исклучително голема брзина, горејќи ги боровите стебла, создавајќи висока температира и густ црн чад, кој удираше на гребенот, изјави директорот на Дирекцијата […]

Последен поздрав за великиот поет и пријател, Сретен Перовиќ


На 17 август, на деведесет и тригодишна возраст, почина Сретен Перовиќ, великиот црногорски поет и пријател на Македонија. Долги години тој беше во контакт со нашата книжевна и, воопшто, со нашата културна средина, секогаш присутен на големите книжевни манифестации кај нас – на Струшките вечери на поезијата, на Рациновите средби и, исто така, како претседател […]

Како ефикасно да ги отстраните дамките од дезодоранс од вашата облека


Дамките од дезодоранс можат да бидат фрустрирачки и честопати изгледаат речиси невозможно да се отстранат, но со неколку состојки, можно е ефикасно да се отстранат. Многу луѓе се обидуваат да ја перат облеката повеќе пати или користат разни хемикалии за белење ако облеката е бела, за да се ослободат од овие дамки. Сепак, често се […]

Мили Боби Браун и Џејк Бонџови посвоија девојче


Актерката Мили Боби Браун (21) денес објави дека го добила своето прво дете со сопругот Џејк Бонџови (23), син на музичарот Џон Бон Џови. Ѕвездата од „Stranger Things“ напиша на Инстаграм дека посвоиле девојче ова лето. „Го посвоивме нашето слатко девојче ова лето. Многу сме возбудени што ќе го започнеме ова прекрасно следно поглавје од […]